Отстранета биста на Гоце Делчев во Подгорци..???

by Administrator

Отстранета бистата на Гоце Делчев од манифестацијата „Гоцеви денови” во село Подгорци, струшко. Постаментот веќе една недела стои празен, а никој од надлежните не кажува точно зошто и како бистата се нашла во магацинот на истоименото училиште.

 

 

Едни велат бронзениот споменик тежок 200 килограми бил разнишан и паднал, други дека намерно бил тргнат.

Ниту директорот на училиштето, ниту претседателот на манифестацијата „Гоцеви денови” не сакаа да зборуваат пред камерите.

Учениците кои секојдневно се собираат околу споменикот веднаш до училиштето не знаат што точно се случило со бистата.

– Пред некое време беше разнишана псоле рекоа дека е скршена. Потоа не видовме ништо , вели ученик од Подгорци.

– Гоце беше турнат и го кренаа служителот и учителите, вели друг ученик.

– Главата се мрдаше после беше падната, вели ученик во Гоце Делчев Подгорци.

Од манифестацијата “Гоцеви денови”, која 4 децении редовно се одржува во Подгорци велат немаат пари за да го поправат спомен обележјето.

Инаку “Гоце Делчев” е етнички мешано училиште, стана познато во јавноста по тоа што во него четири години незаконски се одржува настава на албански јазик за што учениците немаат добиено свидетелства, а нивните родители неколку пати протестираа.

Прегледај видео  ……Untitled_1

Соња Рилковска

You may also like

Leave a Comment