Водата во населба Лабуништа забранета за пиење.

by Administrator

Водата од системот за водоснабдување на населба Лабуништа, забранета за пиење.

На официјалната фејсбук страна на ова претпријатие објавено е известување во кое стои:

ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЈКП Хигиена-Лабуништа ги известува своите корисници дека согласно решение бр. 26/358 од 17.09.2026г издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува водата за пиеење од селскиот водоводен систем во Лабуништа.Поради утврдена неправилност,водата не смее да се користи за пиеење.
До обезбедување безбедна вода истата да се преврива 30-40 минути.
ЈКП Хигиена ќе ја информира јавноста веднаш по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.
Со почит,
ЈКП Хигиена-Лабуништа
Е, што се случува со со водата во нашиве населби, допрва треба да се утврфди и сноси одговорност, и тоа во време кога во соседното село Октиси веќе два месеци немаат вода за пиење, сега во Лабуништа, останува да видиме кои биле причините, а на ред е да се провери и квалитетот на водата во населбите Подгорци и Боровец, и истото да биде јавни објавено за да не постои било какво двоумење или пак простор за било какви дезинформации.

You may also like