Почитувани, имајќи го во предвид учеството на РУМЕЛИЈА – Торбешки Културно-Научен Центар на годинешната манифестација “Македонија наш дом“, како здружение на Торбешите во Македонија, преку Видео материјал Ви го презентираме годинешниов настап на Торбешката заедница во Македонија, која овој пат беше претставувана преку мелосот (песната) од нашиве поднебја, и сето тоа испеано преку нашиот познат интерпретатор, брат, роднина и пријател Фуат Исакоски, придружуван од неговиот оркестар.
По тој повод, ДУБАИ ТВ (Дубаи Портал) им се заблагодарува на Фуат Исакоски, членовите на неговиот оркестар, претседателот на Румелија г-дин Шериф Ајрадиноски, како и сите оние други кои помогнаа во раелизацијата на овој видео приказ, преку кој истовремено Ви ги пренесуваме и впечатоците (импресиите) на сите учесници од овогодинешниов настап, се разбира со надеж и желба да ги споделиме со Вас.
Dubai-Portal.com.mk
