Добредојде за нашите најблиски роднини, пријатели и очекувани -печалбари.

by Administrator

Почитувани, еве како што се надзира крајот на оваа година 2014 и се најавува почетокот на новата 2015 година, така во нашиве средини (села, дворови, кафулиња, чајџилници и др.. ) се надзира и доаѓањето на нашите најблиски роднини, пријатели и се разбира очекувани (печалбари).

ДОБРЕ НИ ДОЈДОВТЕ !

Во името на редакцијата на Дубаи Портал, на сите наши кои моментално својата егзистенција, школување.. и др.. ја обезбдуваат надвор од нашава татковина, им посекуваме срдечно Добредојде во нашите села, и вашите домови. Ви посакуваме убаво да си поминете во наредните неколку денови, недели и убаво да си поминете со вашите најблиски роднии, пријатели, другари и сите оние со кои во овие денови очекувате да се сретнете, поразговарате и ја почувствувате заедничката топлина на пријателството.

Ова е време кога нашите домови, села и др.. се преполни со луѓе ( роднини, пријатели и др..). “Камо да не постоеше печалбата па сите заедно да си бевме тука, сите заедно“, – вака размислува еден мој пријател при пиењето на едно турско чајче, макијато во една наша чајџилница, кој нескриено се радува на атмосферата која веќе ги окупира нашите села.

Ама нејсе, животот е ваков каков што е, колку толку барем ќе се видиме “ еден ден-еден век“, ќе се пошегуваме, поизнакажуваме, помогнеме, и само за момент ќе заборавиме на нашата разделба која колкава и да е голема во денови, сепак таа ни доаѓа на брзина, надополнува тој, кој моментално целиот свој живот, како и нашите татковци, дедовци и роднини го поминал во печалба, а сега како пензионер, со нескриена тага ги гледа нашиве пристигнати печалбари.

Пуста да остани оваа печалба… од сите страни притиснати се нашиве деца. Секој ден под секакви предизвици,и притисоци, ( да се бара работа по туѓи земји, се нашло работа , не се зело пари, и што уште не ги притиска нашиве дечиња) за кои навистина многу ми е жал кога ги гледам вака, во разговор ни кажува тој.

Ама како и да е, нека ни се здрави и живи, и уште многу да се гледаме, па барем и на неколку денови, а Господ гледат и иншала ќе ни дајт сабур, ум и разум, а иншала и состојбата  малку по малку да ни ја смени, ама како што ни вели Тој прво треба самите ние да ја смениме- промениме ваквата  состојба и  да не оддалечит од овој наш гурбетлак, потсетувајќи се на минатото како било тогаш и како е сега, си го пие своето чајче нашиот соговорник и нескриено се радува со малку тага гледајќи кон печалбарите кои веќе ги исполнуваат нашиве населби.

За крај кон неговата конбстатација и размислување се приклучуваме и ние притоа, посакувајќи им пријатен престој на нашите печалбари во нашиве населби, во нашиве домови. На сите оние кои пристигнале, како и на оние кои се на пат кон своите најблиски, среќен им пат, и иншала Возвишениот Аллах да ги донесе кај своите најблиски, а за оние кои нема да се покрај нас во овие зимски краткотрајни денови, односно се наоѓаат во другите странски земји, да им посакаме многу среќа, здравје, радост и се најдобро. И изразиме желба и тие во некој нов нареден момент да бидат заедно со Нас, покрај своите најблиски и на своето. (Амин).

Дубаи Портал.

 

 

 

 

You may also like

Leave a Comment