Едноставно, човек не може да се изначуди што се му се случува на нашите населби, како во образованитето-училиштата, инфраструктутите ( водовод, канализација, електрика и др…)
Па, еве од тука имајќи ги во предвид видувањата на голем број наши Октишани во однос проблемот снабдувањето со вода, за едни од недоволна раководна стручност, за други политика и така натаму, одлучивме да направиме една мала кратка анализа, и анимираме овој сериозен проблем кој веќе неколку месеци наназад ја пристиска оваа населба.
Па да почнеме преку одредена низа на прашања на кои треба да се изнајдат вистинските одговори.
ОКТИСИ – Проблемот со водоснабдувањето во Октиси одамна престана да биде само прашање на неисправен водовод.
Од реакциите на жителите, сограѓаните и дијаспората се гледа дека во јавноста се создава сè поголемо незадоволство поради повторливите прекини, недоволните информации и неизвесноста околу трајното решение.
Во дел од реакциите се наведува дека населбата со денови останува без вода, додека во исто време од Октишани и дијаспората се бара финансиска помош за санација на водоводот, во износ од околу 70.000 евра.
Токму ова отвора серија прашања кои повеќе не можат да се сведат само на Facebook-објави, меѓусебни обвинувања или ветувања.
1. КОЈ Е КОНКРЕТНО ОДГОВОРЕН ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО ОКТИСИ?
Жителите имаат право да знаат која институција и кое одговорно лице ја носат оперативната и институционалната одговорност за системот.
- Дали тоа е Општина Струга?
- Дали е јавното претпријатие?
- Дали постои поделена надлежност?
И, најважно – кого граѓаните треба да го повикаат кога ќе престане водоснабдувањето?
Ова не треба да биде политичко прашање. Треба да биде прашање на јасна институционална надлежност и одговорност.
2. ШТО ТОЧНО Е ДЕФЕКТОТ И ЗОШТО ПРОБЛЕМОТ СЕ ПОВТОРУВА?
- На јавноста ѝ се потребни конкретни технички информации.
- Каде се наоѓа проблемот?
- Дали станува збор за стара инфраструктура, недостиг на вода, дефект, капацитет, пумпи, цевковод или друг технички проблем?
- Ако е направена санација, зошто повторно има прекини?
- Ако не е направена, што точно се чека?
- Без одговор на овие прашања, секое ново ветување останува само ветување и простор за манипулација, и сето тоа на грбот на Октишанецот.
3. КАДЕ ЌЕ ЗАВРШАТ 70.000 ЕВРА?
Ова е веројатно едно од најважните прашања за јавноста.
Доколку навистина се собираат околу 70.000 евра, тогаш граѓаните заслужуваат детална финансиска конструкција.
- Колку чини секоја ставка?
- Кој направил предмер и пресметка?
- Кој ќе ги прима средствата?
- Кој ќе ги троши?
- Кој ќе врши надзор?
- И дали по завршувањето ќе биде објавен целосен финансиски извештај?
Самата граѓанска солидарност не е проблем. Напротив, таа покажува дека луѓето сакаат да го решат проблемот.
Но солидарноста мора да оди заедно со целосна транспарентност.
4. ЗОШТО ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА САМИ ДА ФИНАНСИРААТ ОСНОВНА ИНФРАСТРУКТУРА?
Ова е прашањето кое најмногу ја засега јавноста.
Октиси е дел од Општина Струга.
Жителите плаќаат давачки и придонесуваат во системот на локалната самоуправа.
Затоа е сосема легитимно да се праша:
Каква е финансиската обврска на Општина Струга кон решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Октиси?
- Доколку Општината учествува финансиски – колку?
- Доколку не учествува – зошто?
- Јавноста заслужува конкретни бројки, а не само општи одговори.
5. ШТО НАПРАВИЛА ОПШТИНА СТРУГА ДОСЕГА?
Во реакциите на Октишани постои чувство дека селото не добива доволно институционално внимание.
Граѓаните не бараат посебен третман.
Бараат да знаат што конкретно е инвестирано во Октиси.
- Колку средства се издвоени?
- За кои проекти?
- Кога?
- Од кој буџет?
- И што е планирано понатаму?
- Транспарентниот одговор на овие прашања би ја намалил можноста за различни толкувања.
6. КАДЕ Е МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА КОГА СЕЛОТО Е ВО КРИЗА?
Ова прашање особено се повторува во доставените реакции.
Жителите прашуваат зошто нема јавни состаноци на кои би се разговарало за водата и другите проблеми во селото.
Ако Месната заедница треба да биде канал преку кој потребите на населението се пренесуваат до институциите, тогаш токму во вакви ситуации нејзината улога треба да биде највидлива.
Затоа прашањето не е само каде е претседателот.
Прашањето е:
Каков механизам има Октиси преку кој граѓаните можат организирано да бараат решение?
7. ЗОШТО НЕМА РЕДОВНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ?
Една од најголемите причини за недоверба е недостатокот на проверливи информации.
Кога водата ќе престане, граѓаните сакаат да знаат:
- Зошто?
- Колку ќе трае?
- Што се презема?
- Кога ќе биде пуштена?
Тоа треба да биде нормален институционален процес.
Ако проблемот не може да се реши веднаш, јавноста треба да ја знае вистината.
Како што се наведува и во реакциите на жителите: подобро е институциите да кажат што реално може да се направи, отколку граѓаните повторно да очекуваат решение кое нема рок.
8. ШТО НАВИСТИНА ЗНАЧИ ТВРДЕЊЕТО ЗА „САБОТАЖА“?
Она што можемевме да гио забележиме преку размислувањата на Октишани објавени на фејсбук и другите социјални мрежи го покрена и тврдењето дека истиот систем за водоснабдување е последица и на некаква си саботажа ( Не дај боже) зарем и вакво нешто е можно.
Ова е сериозно тврдење и треба добро да се размисли пред да се премине со пренесување на вакви тврдења, бидејќи истото представува сериозно тврдење за кое и треба да се понесе одговорност, притоа имајќи ги во предвид нешто сличните информации што неколку недели-месеци наназад се случуваа во Македонија кога стануваше збор за квалитетот и недостатокот на вода во поедини градови…
Токму заради тоа доколју имало такво нешто мора да биде проследено со сериозни и проверливи информации.
- Дали има официјална истрага?
- Дали постои записник?
- Дали се утврдени материјални докази?
- Дали има поднесена кривична пријава?
- Дали надлежните органи утврдиле кој го предизвикал проблемот?
- Доколку нема конечен официјален наод, тогаш „саботажа“ треба да остане тврдење или сомнеж, а не факт.
- Ова е важно и за граѓаните и за сите лица кои евентуално се посочуваат како одговорни.
9. КАКВА Е ПОДГОТВЕНОСТА НА ОКТИСИ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР?
Бидејќи нашите населби се од збиен тип на градба, логично се поставува и прашањето што во случај на Пожар.?
А каква ни е против пожарната едицица од Струга и за што е спремна, за тоа друг пат..
Ова прашање добива дополнителна тежина поради реакциите за пожарите во близина на населеното место, што не беше случај на пожар кој токму се случи оваа година, и оваа прашање го направи уште поактуелно. и од тука да се постави и прашањето противпожарна подготвеност.
Дали постојат функционални хидранти?
Дали има доволно достапни извори на вода?
Како би се обезбедила вода за гасење пожар доколку дојде до итна ситуација?
Кој го активира планот за итна интервенција?
Ова веќе не е само прашање на комфор.
Тоа е прашање на безбедност на луѓето, куќите и имотот.
10. И НАЈВАЖНОТО: КОГА ОКТИСИ ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ВОДА?
На крајот, сите други прашања се сведуваат на едно а одговорите сеуште остануваат како енигма
Кога ќе има вода?
- Не само денеска.
- Не само неколку саати.
- Не само привремено решение.
- Туку кога Октиси ќе добие стабилно и одржливо водоснабдување?
- Граѓаните имаат право на конкретен рок.
- Ако рокот не може да се испочитува, треба да им се каже зошто, а не да се остава простор за дезинформации.
- Ако средствата не се доволни, треба да се каже колку недостигаат.
- Ако проблемот е технички сложен, треба да се објасни што точно треба да се направи и консултираат соодветни лица кои ја знаат таа проблематика, а не некои си квази водоинсталатери.
- Но јавноста повеќе не може да остане само со општи ветувања како што веќе поодамна и секогаш се прави.
ОКТИШКИОТ ПРОБЛЕМ НЕ Е САМО ПРОБЛЕМ НА ОКТИШАНИТЕ
- Она што денес се случува во Октиси треба да биде и повод за пошироко прашање:
- Како локалните институции ги решаваат проблемите на помалите населени места?
- Дали граѓаните треба сами да собираат средства за инфраструктура?
- Дали дијаспората треба да биде резервен извор на финансирање?
- Дали Месните заедници имаат реална улога или само формална функција?
- И дали граѓаните навреме добиваат информации за проблемите кои директно ги засегаат?
- Ова не се прашања против некого.
- Ова се прашања кон институциите.
ОКТИСИ НЕ БАРА ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ,ТУКУ ОНА ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИМА СЕКОЈА НОРМАЛНА НАСЕЛБА
- Од реакциите на жителите може да се види дека суштината не е во тоа некој да биде пофален или некој да биде нападнат.
- Суштината е многу поедноставна:
- Октиси сака вода.
- Сака трајно решение.
- Сака транспарентност за средствата.
- Сака институциите да ја преземат својата одговорност.
- И сака Месната заедница да биде присутна кога има проблем.
- Граѓаните можат да помогнат.
- Дијаспората може да помогне.
Но, кога се работи за основна инфраструктура, јавноста има право да знае кој е надлежен, што е преземено и кога ќе биде решено.
За жал ситуацијата е таква каква што е. Овие четири населби ( Октиси, Лабуништа, Подгорци, Боровец) и понатаму остануваат како средства за подигрување и подкусурување особено кога станува збор за време на политика и избори, а тогаш на сценс стапуваат само ветувањата како празни, и се разбира интерисите на оние кои поединци кои излегуваат на повидок после завршување на изборите.
Е, па драги наши : Лабуништани, Подгорчани, Октишани и Боровчани, паметот в глава и добро размислете зошто ни се случуваат овие работи, и тоа, токму нас..
