Водата од системот за водоснабдување на населба Лабуништа, забранета за пиење.
На официјалната фејсбук страна на ова претпријатие објавено е известување во кое стои:
Водата од системот за водоснабдување на населба Лабуништа, забранета за пиење.
На официјалната фејсбук страна на ова претпријатие објавено е известување во кое стои:
Едноставно, човек не може да се изначуди што се му се случува на нашите населби, како во образованитето-училиштата, инфраструктутите ( водовод, канализација, електрика и др…)
Па, еве од тука имајќи ги во предвид видувањата на голем број наши Октишани во однос проблемот снабдувањето со вода, за едни од недоволна раководна стручност, за други политика и така натаму, одлучивме да направиме една мала кратка анализа, и анимираме овој сериозен проблем кој веќе неколку месеци наназад ја пристиска оваа населба.
Па да почнеме преку одредена низа на прашања на кои треба да се изнајдат вистинските одговори.
ОКТИСИ – Проблемот со водоснабдувањето во Октиси одамна престана да биде само прашање на неисправен водовод.
Од реакциите на жителите, сограѓаните и дијаспората се гледа дека во јавноста се создава сè поголемо незадоволство поради повторливите прекини, недоволните информации и неизвесноста околу трајното решение.
Во дел од реакциите се наведува дека населбата со денови останува без вода, додека во исто време од Октишани и дијаспората се бара финансиска помош за санација на водоводот, во износ од околу 70.000 евра.
Токму ова отвора серија прашања кои повеќе не можат да се сведат само на Facebook-објави, меѓусебни обвинувања или ветувања.
Жителите имаат право да знаат која институција и кое одговорно лице ја носат оперативната и институционалната одговорност за системот.
И, најважно – кого граѓаните треба да го повикаат кога ќе престане водоснабдувањето?
Ова не треба да биде политичко прашање. Треба да биде прашање на јасна институционална надлежност и одговорност.
Ова е веројатно едно од најважните прашања за јавноста.
Доколку навистина се собираат околу 70.000 евра, тогаш граѓаните заслужуваат детална финансиска конструкција.
Самата граѓанска солидарност не е проблем. Напротив, таа покажува дека луѓето сакаат да го решат проблемот.
Но солидарноста мора да оди заедно со целосна транспарентност.
Ова е прашањето кое најмногу ја засега јавноста.
Октиси е дел од Општина Струга.
Жителите плаќаат давачки и придонесуваат во системот на локалната самоуправа.
Затоа е сосема легитимно да се праша:
Каква е финансиската обврска на Општина Струга кон решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Октиси?
Во реакциите на Октишани постои чувство дека селото не добива доволно институционално внимание.
Граѓаните не бараат посебен третман.
Бараат да знаат што конкретно е инвестирано во Октиси.
Ова прашање особено се повторува во доставените реакции.
Жителите прашуваат зошто нема јавни состаноци на кои би се разговарало за водата и другите проблеми во селото.
Ако Месната заедница треба да биде канал преку кој потребите на населението се пренесуваат до институциите, тогаш токму во вакви ситуации нејзината улога треба да биде највидлива.
Затоа прашањето не е само каде е претседателот.
Прашањето е:
Каков механизам има Октиси преку кој граѓаните можат организирано да бараат решение?
Една од најголемите причини за недоверба е недостатокот на проверливи информации.
Кога водата ќе престане, граѓаните сакаат да знаат:
Тоа треба да биде нормален институционален процес.
Ако проблемот не може да се реши веднаш, јавноста треба да ја знае вистината.
Како што се наведува и во реакциите на жителите: подобро е институциите да кажат што реално може да се направи, отколку граѓаните повторно да очекуваат решение кое нема рок.
Она што можемевме да гио забележиме преку размислувањата на Октишани објавени на фејсбук и другите социјални мрежи го покрена и тврдењето дека истиот систем за водоснабдување е последица и на некаква си саботажа ( Не дај боже) зарем и вакво нешто е можно.
Ова е сериозно тврдење и треба добро да се размисли пред да се премине со пренесување на вакви тврдења, бидејќи истото представува сериозно тврдење за кое и треба да се понесе одговорност, притоа имајќи ги во предвид нешто сличните информации што неколку недели-месеци наназад се случуваа во Македонија кога стануваше збор за квалитетот и недостатокот на вода во поедини градови…
Токму заради тоа доколју имало такво нешто мора да биде проследено со сериозни и проверливи информации.
Бидејќи нашите населби се од збиен тип на градба, логично се поставува и прашањето што во случај на Пожар.?
А каква ни е против пожарната едицица од Струга и за што е спремна, за тоа друг пат..
Ова прашање добива дополнителна тежина поради реакциите за пожарите во близина на населеното место, што не беше случај на пожар кој токму се случи оваа година, и оваа прашање го направи уште поактуелно. и од тука да се постави и прашањето противпожарна подготвеност.
Дали постојат функционални хидранти?
Дали има доволно достапни извори на вода?
Како би се обезбедила вода за гасење пожар доколку дојде до итна ситуација?
Кој го активира планот за итна интервенција?
Ова веќе не е само прашање на комфор.
Тоа е прашање на безбедност на луѓето, куќите и имотот.
На крајот, сите други прашања се сведуваат на едно а одговорите сеуште остануваат како енигма
Кога ќе има вода?
Но, кога се работи за основна инфраструктура, јавноста има право да знае кој е надлежен, што е преземено и кога ќе биде решено.
За жал ситуацијата е таква каква што е. Овие четири населби ( Октиси, Лабуништа, Подгорци, Боровец) и понатаму остануваат како средства за подигрување и подкусурување особено кога станува збор за време на политика и избори, а тогаш на сценс стапуваат само ветувањата како празни, и се разбира интерисите на оние кои поединци кои излегуваат на повидок после завршување на изборите.
Е, па драги наши : Лабуништани, Подгорчани, Октишани и Боровчани, паметот в глава и добро размислете зошто ни се случуваат овие работи, и тоа, токму нас..
Имено, станува збор за состојбите во училиштето во Подгорци. Според информациите што ги добивме од наставници вработени во училиштето, пред самиот почеток на новата учебна година биле известени од страна на директорот дека ќе биде затворена една паралелка на македонски наставен јазик во второ одделение иако според повеќето немало потреба од такво нешто за разлика како кај останатите училишта во Општина Струга, бидејќи засега оваа училиште има доволно ученици и за втора паралелка по второ одделение како што имало и претходните години.
Ваквата одлука, според наставниците, отвора и прашања поврзани со понатамошниот број на вработени во училиштето.
Секако, за целосна и објективна слика, очекуваме став и образложение од раководството на училиштето, како и од надлежните институции, особено во делот на причините поради кои се планира укинување на паралелката и какви би биле последиците врз наставниот кадар.
Ова реакција ја отвораме со единствена цел – јавноста да биде информирана за состојбите во училиштето во Подгорци и да се слушнат сите релевантни страни.
Поголем број од наставниците со кои имавме можност да поразговаравме потенцираат дека зад ваквите одлуки гледаат и политички влијанија и лични интереси. Тие сметаат дека подгоречката јавност треба да биде навремено и целосно запознаена со случувањата во оваа образовна установа, особено кога станува збор за одлуки кои можат директно да влијаат врз иднината на училиштето и врз работните места на вработените.
Според нивните предупредувања, доколку продолжи ваквата тенденција, веќе следната година би можело да дојде до дополнително намалување на бројот на работни места. На тој начин, како што велат наставниците, особено би биле и биле погодувани вработените кои потекнуваат од Подгорци, а кои со години се дел од оваа образовна институција и од локалната заедница.
Токму затоа сметаме дека ова прашање не треба да остане само внатрешно прашање на училиштето. Подгоречката јавност има право да знае што се случува со училиштето, какви одлуки се носат и какви последици би можеле да произлезат од нив- стои во кратката информација доставена до нашата редакција.
Во оваа пригода сакаме да потсетиме и на видеата кои ги објавува „Дубаи Портал“, а кои го прикажуваат патот до изградбата и отворањето на новото училиште во Подгорци. Во тие прилози се сведочи за долгогодишната борба, заложбите и ангажманот на жителите на Подгорци за да се обезбедат подобри услови за образование на најмладите.
Токму затоа, со оглед на искуствата од минатото и начинот на кој претходните месни самоуправи и жителите на Подгорци се бореле за своето училиште, сметаме дека и денес не смееме да останеме неми набљудувачи доколку постојат прашања кои можат да влијаат врз неговото функционирање и врз луѓето кои работат во него.
Не смееме да дозволиме политичките или личните интереси, доколку навистина постојат, да се спроведуваат на теренот и на сметка на граѓаните на Подгорци.
Затоа очекуваме во наредниот период со свој јавно изнесен став да излезат ;Месната Самоуправа која ја представува населбата, како што тоа го правеле и претходните Mесни, Советот, како и Училишниот одбор а се разбира и директорот на ова образовна Установа. Јавноста заслужува да знае каков е нивниот став за најавеното укинување на паралелката, за можните последици врз наставниот кадар и, пред сè, до каде ќе оди оваа тенденција доколку продолжи и во наредните години.
Ова не треба да биде прашање на политика. Ова треба да биде прашање на училиштето, на децата, на наставниците и на иднината на Подгорци-стои во краткото известување од група наставници од ова училиште испратено до нашава редакција.
По повод одлуката за повлекување од работата и учеството во составот на Месната Самоуправа Подгорци, во контакт со нашата редакција нашиот сограѓани Башким Адемоски кој беше член во оваа Месна и официјално денес повеќе нема да учествува во работата односно нема да биде во составот на истата.
Во продолжение Ви ја пренесуваме содржината на неговата оставка, и причините за поднесување на истата:
JАВНО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА МОЈАТА ОСТАВКА
Почитувани сограѓани, По сè што се случуваше во Месната заедница во изминатиот период, донесов конечна одлука да поднесам оставка како член. Не се повлекувам затоа што немам волја да работам за селото. Се повлекувам затоа што одбивам да бидам дел од систем во кој чесната работа се заменува со лични интереси, договори зад грб, поделби и валкани игри на поединци. Месната заедница не е ничија приватна сопственост, ниту место каде што некој треба да си гради лична позиција и влијание врз грбот на народот. Најголемиот проблем не е различното мислење. Различното мислење е нормално. Проблемот е кога од различното мислење се прави конфликт, кога народот намерно или ненамерно се дели и кога зад секоја одлука се бара личен интерес.
Уште полошо е што состанокот завршува, а разговорот продолжува по кафеани. Она што е кажано меѓу членовите веднаш се пренесува од човек на човек, често извадeно од контекст и дополнето со лични приказни. Тоа не е работа на Месна заедница. Тоа е рушење на довербата. Јас немам намера да седам на состаноци, да зборувам отворено и чесно, а потоа моите зборови да ги слушам преправени по кафеани. Ако некој има нешто против мене, нека има храброст да го каже пред мене, на состанок, а не зад грб. Ако некој има критика за мојата работа, нека ја каже јавно и со факти. Ако некој мисли дека може подобро — нека покаже со дела, а не со муабети.
Јас нема да учествувам во политика на озборување, поделби и собирање лични поени. Не сум влегол во Месната заедница за функција, за слава или за да бидам „некој“. Влегов со желба да помогнам. И затоа не прифаќам некој денес да ја користи работата на Месната заедница за свои лични цели, а народот да го гледа како публика која треба да му аплаудира. Мојата оставка е порака дека постои граница. Можам да прифатам несогласување. Можам да прифатам критика. Но не прифаќам дволичност, манипулации и игри зад грб. Затоа се повлекувам. Не бегам од одговорност. Се тргам од нешто во кое повеќе не ги препознавам принципите поради кои прифатив да бидам член. На оние што чесно работат за селото им посакувам успех.
А оние што се препознаваат во ова што го напишав — нека не се лутат. Не сум ги именувал. Ако некој се препознае, тоа е негова работа. Јас заминувам со чиста совест и без намера да молчам за работи со кои не се согласувам. Функцијата можам да ја оставам. Љубовта кон селото — не. Ви благодарам на сите што ми дадовте доверба.
БАШКИМ АДЕМОСКИ – поранешен член на Месна Самоуправа Подгорци
Во врска вчерашниот текст по повод информацијата дека се прибирале средства за камион за кумунални активности, а објавен на нашиот сајт, многу ни е жал што истиот за многумина беше премногу непознат, односно беше само прочитан помеѓу редови од страна на “неписмени“. Ама нејсе еве ќе се потрудиме да Ви објасниме за да ви биде појасно.
ДАЛИ СЕКОГАШ КОГА ТРЕБА НЕШТО ДА СЕ НАБАВИ ИЛИ СЕ ИМА ПОТРЕБА ОД НЕШТО, СЕКОГАШ ДА СЕ ОДИ ПРЕКУ ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИЛИ ПРВО ДА СЕ БАРА ПРЕКУ СООДВЕТНИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ КАКО ШТО ТРЕБА И ДОЛИКУВА И ЗА ШТО ПОСТОЈАТ ТАКВИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА НЕ ЈА ЗАБОРАВИМЕ И ОПШТИНАТА ВО ЧИЈ БУЏЕТ СЕ СЛЕВААТ ГОЛЕМ БРОЈ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД НАШИ ФИРМИ КОИ ГРАВИТИРААТ ВО ОВА ОПШТИНА?
БУЈРУМ ПРОДОЛЖЕТЕ..
Одлуката на дел од подгоречката дијаспора да започне акција за собирање средства за набавка на нов камион за собирање комунален отпад отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори.
Според информациите што беа соопштени, постојниот камион, кој своевремено беше набавен од претходниот состав на Месната самоуправа, денес не е во функција и не може да се користи. Но, наместо најнапред да се утврди како дошло до таквата состојба и кој е одговорен за тоа што едно вредно средство повеќе не служи на својата намена, јавноста повторно се повикува да ја отвори својата каса.
Логично се поставува прашањето: дали набавката на камион за комунални потреби е обврска на граѓаните или на институциите?
Месната самоуправа управува со комуналните услуги, а граѓаните за тие услуги плаќаат надоместоци. Токму затоа, сосема оправдано е да се очекува ваквите капитални потреби да се решаваат преку општинскиот буџет, надлежните институции или преку државни програми, а не повторно преку доброволни донации од населението.
Дополнително, останува нејасно и зошто на состанокот на кој се донела ваквата одлука, според нашите информации, “не бил поканет ниту еден претставник од старата или сегашната Месна самоуправа“. Токму тие лица најдобро можеле да дадат одговор на прашањата што се случило со постојниот камион, дали постои можност за негова поправка, колку би чинела таа, како и дали се разгледани други институционални решенија.
Без нивно присуство и без јавна расправа, останува впечаток дека е донесена одлука без да бидат слушнати сите релевантни страни.
Дијаспората отсекогаш била значаен поддржувач на развојот на Подгорци и нејзината желба да помогне не треба да биде доведена во прашање. Но, истовремено, не треба да се дозволи доброволната помош да стане замена за институционалните обврски.
На крајот, најважното прашање останува: ако граѓаните веќе плаќаат за комунални услуги, дали е оправдано повторно да бидат повикани да финансираат основна комунална механизација, наместо надлежните институции да ја преземат својата законска одговорност?
Ова прашање заслужува јасен и транспарентен одговор, бидејќи станува збор за јавен интерес, јавни средства и одговорност кон сите жители на Подгорци.
Презентираната содржина не представува став на редакцијата на Дубаи Портал.
Во 21 век, кога светот зборува за паметни градови, зелена енергија и дигитална трансформација, жителите на Подгорци сè уште живеат со страв дека секој посилен ветер или невреме може повторно да ги остави без електрична енергија. Прашањето не е дали ќе се случи нов дефект, туку кога.
Со години граѓаните предупредуваат дека електродистрибутивната мрежа е застарена и дека делови од инфраструктурата одамна требало да бидат реконструирани. Дрвените столбови, поставени пред повеќе децении, денес се сериозен безбедносен ризик. Секое нивно паѓање не значи само прекин на електричната енергија, туку и потенцијална опасност за луѓето, домовите и сообраќајот.
Она што најмногу ги револтира жителите е чувството дека редовно ги исполнуваат своите обврски, а за возврат не добиваат сигурна услуга. Голем дел од домаќинствата навремено ги плаќаат сметките за електрична енергија, но кога ќе дојде до дефект, повторно се поставува истото прашање: дали вложувањата во мрежата го следат она што граѓаните го плаќаат?

Фото: Месна Заедница Подгорци
Подгорци не е единствено населено место што се соочува со вакви предизвици, но токму затоа проблемот заслужува системски пристап. Секој подолг прекин на струјата влијае врз секојдневниот живот – од домаќинствата, преку малите бизниси, до учениците и земјоделците.
Дополнителна дилема е зошто, кога веќе се реконструираат улици и се вложуваат јавни средства во асфалтирање, не се координираат и работите за подземна инфраструктура. Во многу места ваквите зафати се планираат заедно: прво се поставуваат инсталациите, а потоа се асфалтира. На тој начин се избегнува повторно раскопување и се создава поквалитетна инфраструктура на долг рок.
Тука се отвора и прашањето за координацијата меѓу институциите, локалната самоуправа и операторот на електродистрибутивната мрежа. Граѓаните со право очекуваат инфраструктурните инвестиции да бидат планирани заеднички, а не секоја институција да работи одделно, оставајќи ги проблемите нерешени.
На крајот, јавноста не бара невозможни работи. Не бара луксуз. Бара сигурно снабдување со електрична енергија, модерна инфраструктура и јасен план за реконструкција. Тоа се основни услови за нормален живот и развој на една населба.
Затоа, наместо повторно да се разговара за проблемот по следното невреме, можеби е време надлежните институции јавно да одговорат на неколку едноставни прашања:
Одговорите на овие прашања се поважни од меѓусебните политички обвинувања. Граѓаните не ги интересира кој ќе ја преземе заслугата за идните инвестиции – нив ги интересира кога конечно ќе добијат стабилна, безбедна и современа електродистрибутивна мрежа.
Во меѓувреме, Подгорци продолжува да живее со надеж дека следното невреме нема повторно да донесе темнина. За една современа држава, тоа не треба да биде прашање на среќа, туку резултат на добро планирана и навремено одржувана инфраструктура.

Пред прекрасната публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, се одржа 17 – тото издание на детскиот музички фестивал “Радика Фест” 2026.
На самиот почеток на фестивалот познатиот дебарскиот композитор Зинче Мимидиноски инаку директор на Фестивалот Радика Фест 2026, ги поздрави сите присутни гости, а на учесниците им посака многу успех.
Имено, благодарение на неговата неуморна работа и ангажираност а на радост на децата од поширокиот регион, живее оваа културна манифестација.
За особен придонес во развојот на Фестивалот “РАДИКА ФЕСТ” Дебар од страна на директорот на Фестивалот се доделија Благодарници меѓу другите и на:
Генци Садику, директор на ОУ Пенестиа – Дебар, Бенази Шемовска, директор на ОУ Мустафа Кемал Ататурк – Центар Жупа, Алија Идризоски, директор на ОУ Ристе Ристески – с.Д. Косоврасти, Мевмед Абдију, директор ООУ Блаже Конески – Скудриње.
На фестивалот настапија деца и автори од Дебар, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид како и автори на текстови од повеќе градови од републикава и тоа Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Крива Паланка, Битола, Прилеп при што се изведоа 13 нови авторски композиции.

Фото: Зинче Мимидиноски / Директор на фестивалот
Стручното жири на фестивалот беше во состав: Меџит Муслиовски, Бешир Рамадани, Ангелина Василевска и Аџи Зекир при што се доделија награди од стручното жири, награда од публиката, за најдобар вокал, за најдобар сценски настап, награди за бест хит, награда за бест талент и награда за бест јуниор талент.
Победник на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026 е Бида Оручоска од Косоврасти која ја испеа прекрасната песна ”Сонце во нас”. Нејзиниот прекрасен настап со прекрасна интерпретација ги воодушеви присутните посетители. Првотото место од публиката го освои Ада Кадриоска од Бороец, за најдобар вокал беше прогласена Џана Ибраимоска од Дебар, за најдобар сценски настап беше прогласена прекрасната и волшебна Мелда Кадри од Дебар.
Целосен преглед на доделените награди:
Награда од стручното жири:
Прво место: Бида Оручоска, Второ место: Елина Смајлоска, Трето место: Мелек Первизоска.
Награда од публиката: Прво место: Ада Кадриоска,
Награда за најдобар вокал: Прво место: Џана Рамаданоска,
Награда за Најдобар сценски настап:
Прво место: Мелда Кадри, Второ место: Изабела Шикалеска, Трето место: Бејсан Оручоски
Награда за Бест Хит: Илма Ајровска, Мелда Суловска
Награда за Бест талент: Неџла Даутоска
Награда Бест Јуниор талент: Есра Демировска, Дила Ајроска

Фото:Бида Оручоска / Победник на фестивалот „Радика Фест“

Фото:Награда за најдобар сценски настап Мелда Кадри

Фото:Награда за најдобар вокал: Прво место Џана Рамаданоска

Фото:Награда од публика: Прво место Ада Кадриоска

Фото:Доделување на награда: Елина Смајлоска

Фото:Доделување на награда: Мелек Первизоска

Фото: Награда за најдобар талент: Неџла Даутоска

Фото: Награда Бест Јуниор талент: Есра Демировска
Гости во програмата на Фестивалот беа триото Аниса, Есра, Џансу од Општина Центар Жупа, како и прекрасната фолклорна група Скудриње од Општина Маврово Ростуше.
Фестивалот финансиски беше поддржан од: Министерство за Култура и Туризам, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, ТД Боград Струга доо, Арсенал Дооел Струга, ТД Гајрет с.Лабуништа Струга, дооел Јасен Подгорци, Струга помогнат и од Центар за култура – Дебар.
( Текстот ги опфаќа сите наши населби: Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец.. и др..)
Во изминатите години нашите населби доживуваат интензивна урбанизација – улиците се асфалтираат и бетонираат, се бетонираат и тротоарите, а секој слободен простор сè повеќе се претвора во градежна површина. Но, додека надлежните институции постојано зборуваат за модернизација и инфраструктурен развој, како целосно да се занемарува еден од најважните сегменти за безбедноста на граѓаните – хидрантската мрежа. Во голем број населби хидранти речиси и да нема, а таму каде што постојат, често се нефункционални, затрупани со асфалт, бетон или паркирани возила, со што нивната употреба во итни случаи станува речиси невозможна.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што не постои јасна евиденција ниту од противпожарните служби, ниту пак од општините кои одобруваат и реализираат вакви инфраструктурни зафати. Наместо при секое ново асфалтирање или реконструкција да се предвиди поставување и уредување на хидрантска мрежа, во пракса најчесто се сведува само на бетонирање и асфалтирање, без сериозна анализа за безбедносните стандарди. Особено загрижувачки е тоа што станбените објекти во многу населби се од збиен тип, со тесни улици и минимален пристап за интервентни возила, што во случај на пожар може дополнително да ја усложни ситуацијата и да предизвика катастрофални последици.
Граѓаните со право прашуваат: дали некој воопшто размислува за ризиците? Хидранти можат и мора да се изградат, но впечатокот е дека ова прашање со години останува на маргините, додека приоритет добива само визуелното уредување на улиците. Без функционална противпожарна инфраструктура, секое ново асфалтирање не значи поголема безбедност, туку потенцијален ризик кој може скапо да ја чини заедницата.