Е, сега дојде време за АЈВАР !!

by Admin

Еве, дојде и почетокот на месец Октомври, а знаете по што е најинтересен, токму заради подготовката на познатиот домашен специјалитет од пиперки наречен АЈВАР.

Некако луѓето се некако р`стрчани по пазарите, некој си набавил едно, две или три врешта пиперки, во Подгорци на пазар, некој во Лабуништа, а некој пак во Струга.

Како и да е во овој период повеќето домови (дворишта) има да бидат зачадени од малите ќумбетчиња, некој ке мие, некој ќе лупи, некој ќе мели, некој ќе печи, и најтешкото е за оној кој треба да меша.

Ама, после тоа доаѓа најубавото да се проба приготвениот Ајвар, и така во пањче ќе му однесеме на комшиите да пробаат од нашиот Ајвар, деме и ние сме направиле и дека нашиот Ајвар е добар.

Нашиот е благ, Нашиот малку потпалува …..

Мие после Ајваров ќе направиме и пинѓур така вели една моја комшивка (тата), и вечерва наместо секојдневна вечера, Ајварот ќе ни биде на прво место знајш еднаш во годината се прајт Ајвар.

Ама како и да е и јас шучур му на Аллах дочекав и оваа година да ја почувствувам оваа атмосвера, и јас да го пробам овогодинешниов Ајвар.

Се надевам дека и останатите наши сограѓани (соселани) ја почувствуваа оваа атмосвера, (некои подготвувајќи, а некои само јадејчи).

Админ на ДУБАИ ПОРТАЛ.

You may also like

Leave a Comment