За меракот, на Џева..??

by Administrator

За меракот на џева!!??

А, бе бате оваа вашава Џева, навистина била многу мераклија, де со едни, де со други,( се мисли на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ) без исаф и без намус, само ги менува, а бракот никако да потрае.

Ама оваа година еве за првпат, да се мажи и за наш, и нема да ти се верува не за ваш туку за наш (Албанец), знаеш сака да проба како ке биде и со овој брак, ама иншала ќе и се бендиса во овој брак, и ќе остане малку повеќе.

Ама што ќе кажат сега и децата од нејзините последни бракови (се мисли на членовите на претходните партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ)
кои бранејќи ја својата мајка се испокарале, и како сега повторно да седнат на софра заедно.

Ама џева ќе си го гледа својот мерак (се мисли на раководството на ПЕИ), и ќе се обиде како и претходните дечиња да ги убеди дека тоа било најдобро за нив, за да можат да преживеат во домот на политичката сцена и да можат да вивнат едно знаменце и да ја фалат својата мајка дека е многу вредна.
Е! навистина џева е и многу вредна, овој пат нејзиниот мерак беше толку голем што реши да се омажи (влезе во брак) со човек (ДУИ) со кого ама ич не се сакаа.

Ама како и да е нека е, ама се знае кога душата ќе ти посака нешто греота е да не и дадеш, а не кога имаш мерак за нешто.

Колумната-текст е напишана од наш член, и на истата се извршени промени во дредени делови од текстот за кои админот смета дека може да имаат навредлива содржина.

You may also like

Leave a Comment