Вандали ги демолирале вратите во ОУ „Гоце Делчев“ во Подгорци

by Administrator

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во струшкото село Подгорци синоќа биле искршени врати од неколку простории.

podgorci

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, не се работи за кражба, туку за оштетување на дел од инвентарот во училиштето.

– Непознатите сторители синоќа влегле во просториите на училиштето и оштетиле пет врати, меѓу кои и вратата на наставничката канцеларија,како и делови од санитарните елементи во тоалетите, но не одзеле ништо, информира Димоски.

Во селото Подгорци пред неколку месеци непознати лица извршија обид за кражба на бронзената биста на Гоце Делчев од нејзиниот постамент која се наоѓа во близина на основното училиште. Поради таквите обиди бистата беше извадена и ставена на чување во просториите на училиштето.

Супер радио

You may also like

Leave a Comment