Револтирани од одлуката донесена од страна на Советот на Општина Струга, со која системот за Водоснабдување и Комунални дејности на на населба Подгорци да се стави раководење на ЈКП Хигиена – Лабуништа, како и наплатување, Како и тргнувајчи од фактот дека на граѓаните на оваа населба треба да им се објасни новонастатаната ситуација, која се наметнува во нашава населба, како не би настанале одредени недоразбирања, Советот на Месната Самоуправа, денес со почеток во 16.30 часот во просториите на ОУ Гоце Делчев – Подгорци оддржа средба со граѓаните на кои им ги изнесе плановите и сите правни акти кои се превземаат од нивна страна, за да се промени оваа одлука со која Општината Струга преку ЈКП Хигиена, сака да нанесе неправда на оваа население.
Пред присутните граѓани, многу беше јасна сликата каде што за прв пат можеше да се забележи дека политиката веќе 99% кај овие граѓани е заборавена и сите беа на едно место, бидејќи овој пат овие 99% граѓани освен оној 1% ги имаа заборавено соптвениот интерес и застанаа зад инетересот на населба Подгорци, нешто би се рекло за нас многу големо богатство, оставено од нашите татковци и дедовци. (системот за водоснабдување и комунални дејности).

На самиот почеток воведен збор зеде претседателот на Месната Самоуправа – Подгорци, г-дин Мирсат Реџоски, кој ги поздрави сите присутни и им се заблагодари што оваа средба ја збогатија со нивното присуство, а посебно за тоа што од сите присутни се забележува дека политиката како да ја изгубила борбата со нашиве луѓе, барем сега во овие моменти кога треба да се покаже единство.
Во продолжение на средбата тој исто така пред присутните ги прочита и одлуките донесени од страна на Советот на Општина Струга, а со кои дополнително граѓаните на оваа населба ќе бидат оптоварени, како:
– Наплата на вода за пиење,
-Комунални дејности од делот на ( собирање ѓубре и смет, од различни видови, па дури активностите околу организира и наплата при погреби (џеназе), уште многу други работи, кои на Подгорчани не му требаат затоа што и тие самите без и било каков проблем постепено и секојднево си ги извршуваат овие работи.
Во продолжение на средбата за сите правни регулативи и акти пред присутните објасни и г-динот Ибрахим Арсланоски, каде што објасни дека, од денес започнуваме со петиција, која ќе се спроведува во цела населба од 10-ет групу на момчиња кои ќе ја спроведуваат оваа петиција, која ќе му биде доставана лично на Советот на Општина Струга и градоначалникот на Општина Струга г-дин Зијадин Села, преку која петиција ќе му се прикаже вољата на овие граѓани кои го гласаа и му помогнаа да биде избран за градоначалник.
Во текот на ссредбата очигледно беше незадоволството кај сите граѓани, кои беа погодени од оваа незаконакса одлука, а тоа се повеќе се забележуваше преку коментарите од типот:
1.Г-динот Села, како и Советот на Општина Струга, обратно ја сфатиле одлуката, доколку ЈКП -Хигиена нема способни луѓе за менаџирање, нека ни дозолат на период од 5-ет години ние нив да ги превземеме и да им покажеме како се менаѓира и да ги извадиме од калта во која сеуште се наоѓаат.
2. Каде се чуло, претпријатие кое долго време е во загуба (ЈКП-Хигиена) и никако не може да излезе од тоа, да превземе претпријатие кое долги години работи без и било каква загуба и постојано го оддржува својот развој и континуирано се надградува, менаџирано од луѓе кои знаат и си го сакаат селото а не сопствениот интерес.
3. Погледнете до кој степен денес е ЈКП-Хигиена, зарем ние да му ги пополнуваме финансиските дупки, како што тоа го правеа пред неколку години наназад, кога 6-месеци пиевме строго забранета вода за пиење (извешатаи кои се криеа), заради присуство на бактерија ешерихија коли. А, денес кога сме сами ги повикуваме сите да дојдат и да видат како се раководи со ваква организација, алудирајќи и на наодите кои 2-пати месечно се земаат од страна на заводот за здравствена заштита, каде стои дека водата ги има сите потребни елементи карактеристики за користење, а не обратно.
4. Погледнете како ЈКП Хигиена, го организира работите, никаков проект за развој, вода населбата нема како што треба, тепачки во управниот удбор на оваа претпријатие, што доволно зборува, комуналните активности за никаде, главната депонија како би ги скратиле трошоците ја преселија на сред село, и што уште не ????
5. Зарем вакво претпријатие треба да стопанисува-раководи со некое кое постепено бележи растечки резултати, Нека ни дозволат ние да го превземеме и да им ја средиме ситуацијата.
6. Очигледно е дека овде работите се испревртени и безобразно испланирани, ама како и да е народот со оваа петиција ќе докаже кој стои зад оваа населба, а тоа се самите жители а не одредени 0.01% поединци.
7. Прво тие од ЈКП Хигиена како и Про Аква , нека си ги средат работите односно покријат своите загуби во кои постојано тона , а потоа да се играат со други претпријатиа кои работаа онака како што треба.
8. Нека господата од ЈКП Хигиена и останатите советници од Опптина Струга, своите игри си играат на друго место со таквите како нив, и нека не заборават дека со ПОДГОРЦИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ИГРААТ КАКО ШТО САКААТ !!, а петицијата ќе го покаже тоа, па ако треба и ќе ги радикализираме нашите активности како што досега сме знаеле и успевале во нашите намери.
Нека Аллах ни даде сабур и разум, и да не сочува од оние кои ни мислат лошо на нас и нашите Подгорчани, тој знае како да наградува за лошите дела, и како се наградуваат оние кои се борат за својот народ и неговото соединиуавање.
Собир на група граѓани на населба Подгорци.!
ДУБАИ – ПОРТАЛ.
