Од проектините активности на Месна Самоуправа Подгорци

by Administrator

Предмет: РЕАЛИЗАЦИЈА на проекти од инфраструктура

Почитувани, советот на Месна самоуправа Подгорци има за цел да ве извести дека во нашата населба од денеска започнавме со реализација на проекти од инфраструктура на неколку локации и тоа:
1. Потпорен зид на месноста викана “Мифтарој” во следните фази:
– ископ и бетонирање на темел, зидање на камен зид со бетон во оплата, бетонски завршеток на горна страна (капа) и поставување на железна ограда.
– минимално широчина на патот да биде 3.0 метри
2. Потпорен зид на месноста викана “Бајримала” (покрај нивата на Арсланоски Сабрија) во следните фази:
– ископ и бетонирање на темел, зидање на камен зид со бетон во оплата, бетонски завршеток на горна страна (капа) и поставување на железна ограда.
– широчината ќе биде постоечката со исправување на некои делови.
3. Поставување на железна ограда на речното корито наспроти училишната зграда, премин – мост со ограда преку реката за влез во школата како и една платформа со клупи за седење осветлена со модерни светилки канделабри. (за скоро време ќе објавиме слики со 3д визуелизација)
4. Изработка и монтажа на нова влезна врата од ковано железо за влез во долните гробишта бидејќи постоечката е со мали димензии.
Во продолжение ви доставуваме слики од постоечката сојтојба на лице место како и од започнувањето на активностите.
Со почит,
ваша Месна Самоуправа Подгорци

You may also like

Leave a Comment