Она на што сме навикнале да слушаме по Тв, Интернет и другите информативни гласила особено кога се однесува на Дубаи, е тоа дека секогаш Дубаи е подготвен за било какво изненадување, тргнувајчи пред се од : чистотата на градот, градското зеленило, високите згради, прекрасни архитектонски изведени хотели, паркови, автомобили и што уште не..
Меѓутоа од вчера и Дубаи беше изненаден.
Покрај претходните температури кои преовладуваа во изминатите денови, наеднаш и овде дојде до промена на температурите, односно од вчера овој емират, како делови од останатите емирати на ОАЕ беа зафатени од дожд, и нагла промена на температурите.
Како и да е и ова е вид награда за преубавите пални, цветови, и други зеленила кои го украсуваат овој град.
Оваа сега ми доаѓа како одговор на еден мој пријател кој во една пригода ме праша како опстојуваат палмите односно кој ги наводнува на олкава горештина и температура… ама одговорот е тука..
Се разбира дека наеднош по познатите маркети на Дубаи можеше да се забележи наглата побарувачка на чадори, кои покрај дождот ќе можат да си ги употребат и против сонцето, кое што предстои во наредните денови.
Во прилог на овој пост Ви представуваме дел од забележаните фотографии од дождливиот ден во Дубаи, кој иншала ќе донесе и бериќет за оваа држава.

