(Подгорци) Ариф еф. Рамадани: „Влези меѓу Аллаховите робови, влези во Џеннетот негов!“

0
197

Вечерва 12 ноември, Сабота после јација, на барање и покана на поголем број џематлии и дозвола од џамискиот одбор во џамија С. Подгорци се одржа верско предавање од нашиот познат мусафир, гостин и пријател хоџа Ариф еф Рамадани, кој на присутните џематлии се обрати со тема „Влези меѓу Аллаховите робови, влези во Џеннетот негов!“

Покрај главната тема која се однесуваше за џеннетот,  се наврати на актуелната ситација во која се наоѓаат муслиманите, со посебен осврт на честата појава на земјотреси, кои гледано од исламски аспект, се Божја опомена и казна за гревовите на луѓето и нивно отстапување од божјиот закон. Исто така, ефендијата напомена на важноста од меѓусебна несебичност, реципрочно сакање и помагање, отфрлување на секаква омраза и завидливост.

Притоа, потенцирајќи и на долгите зимски ноќи, кои сё повеќе треба да се искориста во време за ибадет и други вредности, преку кои се заработува џеннетот, отколку истото драгоцено време во кое и Возвишениот Аллах се колне, да се троши во гледање на телевизија и други некорисни работи, со кои се одргнуваме од патот кој води џеннетот и неговата убавина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here