(НЕДЕЛНА АНАЛИЗА) НОВ ПРОБЛЕМ ЗА САУДИЈЦИТЕ: Иран преку Оман шверцува оружје во Јемен

by Administrator

После пораснувањето на затегнатоста во односите помеѓу формално блиските партнери Саудиска Арабија и Египет, Саудијците сега се соочуваат со уште еден незгоден проблем и тоа во внатрешноста на “својата“ организација – Советот за соработка на арапските земји држави на Персискиот залив. Тој проблем овој пат се вика – Оман.

Станува збор за султанат со нешто помалку од 4 милиони жители, и исклучително важна геостратешка положба, сместен на крајниот југо-исок на Арапскиот полуостров и со излез на Арапското море. И Оманскиот залив. Меѓутоа најголемото стратешко значење на Оман се огледува во неговата ексклава – полуостровот Мусандам – низ кој Оман го надгледува јужниот влез во Хормушкиот канал ( наспроти Иран, кој го надгледува неговиот северен влез), како “врата“ на Персискиот залив, преку кој се одвива главнината од вкупниот светски танкерски сообраќај. Оман, како доминантно исламска земја, воедно е и единстена држава во кој се исповедува ибади ислам, специфичен во однос на сунитската и шиитската насока.

oman

Мускат ( главниот град на Оман ) никогаш не го сокривал својот коректен однос со Техеран, правилно перципирајќи ја улогата во која двете земји ја имаат смислата за “чување“ на Хормушкиот теснец како можност за соработка, а не неопријателство. Истовремено Оман е близок партнер со сите арапски земји од Персисикиот залив со кого тргуваат и земјите о Советот за соработка. На тој начин, малиот султанат себе си, си обезбедил положба на своевиден мост и координатор во внатрешноста на сложените односи помеѓу Иран и арапските држави – поточно, нивната сунитска составница  која е и доминантна. На тој начин сиго зголеми и степенот на сопствената безбедност.

Меѓутоа, проблемот кој за Ријад сега силно излегува на видело се поврзува со фактот, дека Оман на запад граничи со Јемен, каде во тек е воена интервенција на коалицијата на арапските држави на чело со Саудиска Арабија. А низ оманската територија на јеменските шиитски бунтовници – хути сё почесто им пристигнува ново вооружување, со кое тие ги напаѓаат дури и јужните погранични делови на саудиската територија. Се разбира, оружјето го доставува Иран со посредство на развиена криумчарска мрежа во внатрешноста на Иман. Ама да тргнеме по ред:

Вонреден останок на арапските земји од Персискиот залив

Во Оман на 13.октомври одржан е состанок на земјите членки на Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив, каде најважно прашање било она за брзото влошување на односите на Саудиска Арабија и Оман. Имено, на само неколку денови пред состанокот, јеменското надорно движење лојално на Ријад пресретнало шест камиони со оружје кои пристигнале од територијата на Оман – регионот Џофар. Товарот содржел и тактички ракети земја-земја од среден домет од иранско потекло. Токму таквиот вид на ракета неодамна уништи позиции на арапската коалиција на северот на Јемен, при што загинале повеќе од десет саудиски војници. Истите ракети хутите ги користат и за напади на базите на арапската коалиција во југозападниот саудиски град Камис Мушаиту. Запленетата пратка ги демантира претходните тврдења на хутите, дека станува збор за ракети од домашно производтсво (јеменско) производство ( иако било јасно дека разрушените индустријски постројки на Јемен и недостатокот на финансии оневозможува развој на ваков вид на ракетна технологија). Овој чин толку го налутило на саудискиот принц престолоналседник и министер за одбрана Мохаммед бин-Салман, така да во истиот момент ургирал кај кувајтскиот емир Ал-Сабах ( Кувајт претседаваше на состанокот во Оман) да изврши дипломатски притисок на султанот на оман Кабоса бин Саид Ал Саид, во смисла тој посериозно да се заинтересира со проблемот на шверцување на оружје низ неговата држава. Покрај тоа, Саудијците тврдат дека територијата на Оман се користи дури и за складирање на иранско оружје наменето за хутите, а не само шверц преку воздушното пристаниште во Салалаху ( административен центар на јужниот регион на Оман, Џофар) и оманскиот остров во Арапското море.

Меѓутоа, состанокот на Советот на арапските земји  не успеал да постигне смирување на состојбата заради агресивниот став на саудискиот претседател кој веднаш остро ја критикувал оманската страна за “ неспособна“ во напорите да ги заштити своите граници со Јемен. Овде мора да нагласиме дека пограничните служби по ова прашање реално не можат да направат многу. Имено, пограничниот регион Џофар ужива висок степен на своевидна автономија во однос на Мускат, а нејзини представници поставени се во сите тела на централната државна власт, на што Мускат се согласил после граѓанската војна во тој дел на Оман. Во тогашната граѓанска војна на локалното население помош им пристигнала од НДР Јемен (Јужен Јемен) и доборволци и вооружување, а тоа не се заборава.Треба да се напомени дека токму по таа рута со векови се шверцувало оружје во правец исток-запад, шти итекако оставило трага во животот на тамошното население, нешто слично како и на југот на Италија и Сицилија кога станува збор за повеќевековно влијание на тамошните мафијашки организации на вкупното население од тие региони. Зради тоа, со цел одржување на стабилноста во државата власта во Оман ги “затвара очите“ на криумчарските активности на тамошното анселение, од што повеќето во основа живеат од тоа.

Саудиските разузнувачки служби загрижени.

Анализите на саудиските разузнувачки структури икажуваат на тоа дека султанот на Оман Кабоос за шверцот на иранското оружје не знае ништо, а дека целата работ ја надгледуваат делови од сигурносните структури на Оман лојални или поткупени од страна на Техеран, на чело со шефот на Разузнувачката безбедносна служба (ОСС) Оман Мухаммед ал-Нооман. Заради тоа Саудиските разузнувачки служби сметаат, дека не е можно да му се верува на колегите од оман и со нив да се соработува, иако за за воља на вистината , соработка меѓу нив нема веќе одамна, а сето тоа негативно влијае на работата на споменатиот Совет за соработка на арапските земји од Персискиот залив.

По овој проблем интересни се и ставовите на поедини руски аналитичари , кои одат уште подалеку, сметајќи дека саудиската разузнувачка служба може да ги прекине сите контакри и со британскиот МИ6 чии оперативци “седат“ во главниот центар на оманската ОСС и сигурно знаат што се случува на тамошниот терен. Исто така Руските аналитичари не се сложуваат ниту со саудиските разузнувачки проценки, дека споменатиот  султан на оман не знае ништо за ова. Тие тврдат дека шефот на оманската ОСС еден е од најблиските соработници на султанот Кабоос и тој ништо не прави без негово одобрување, независно од лошото здравје на султанот. Освен тоа, Техеран на Москва и плаќа големи износу на пари за опишаните услуги во доставата на оружје во Јемен.

Исто така може да се пресуди дека хистеријата на Ријад, во прв  ред онаа на принцот и министер за одбрана Мухаммед бен-Салман, ја искажува целата и полна тепкотија во која западнала саудиската коалициска воена кампања во Јемен. Таа, освен проблемите со надворешно-политичката природа, каде сё поизразен е губитокот на силниот авторитет и влијание на Саудиска Арабија во регионот ( слично како оној во Египет, Сирија и Ирак, заедно со сложената ситуација во Бахреин, како и се постојаните и самостојни чекори на ОАЕ во регионот) се огледува и на внатрешната политичка сцена на арапското кралство. Тамошната најсилна ривалска фигура на саудискиот министер за одбрана е министерот за внатрешни работи и исто така наследник принцот Мухаммед бен Наиф ал-Сауд, кој само очекува нов кик на својот млад неискусен колега како би скокнал во неговото место и би ја презел улогата на иден крал. А тој кикс, освен што е многу тешко можен по прашањето на Сирија, дополнително може да се појави и низ евентуалниот неуспех на воената кампања во Јмене кој е директен и целосно осмислен продукт токму на Мухаммед бин-Салман, со кој тој сакал да обезбеди трајно доминантно влијание на Кралството во арапскиот свет и поширокиот регион. Тој неуспех би значел и крај на амбициите на младиот престолонаследник кој денес управува со сите главни оски на власта во внатрешноста на Ријад.

А дека саудиските проблеми во Јемен ќе бидат уште поголеми, освен отфрлувањето на саудиските обвинувања од страна на Оман и недвосмислените намери на султанатот да продолжи со досегашната политика, укажува и сё посамостојниот пристап на водење на војната во Јемен од страна на саудискиот главен коалиционен партнер ОАЕ, кој го сваќа апсурдот од продолжувањето на тоталната војна против шиитските хути заради што повеќе и воено не учествува во операциите против нив на северот на Јемен, туку примарно воено е концентриран на југот на земјата. Згора на тоа, богатиот Абу Даби во стварност смета на нова поделба на Јемен на Северен и Јужен, каде тој би обезбедил сопствени привилегии кои пред се се огледуваат во надзорот на тамошните  морски пристаништа, како што тоа го прави со ( соработката со Египет) и на Рогот на Африка во самопрогласената Сомалиланд ( северно од остатокот на Сималија и сместена на бреговите на Аденскиот залив), каде неодамна доби концесија за стратешкото пристаниште Бербера од каде ќе обезбеди свој понатамошен економски продор на просторот на афричкиот континент.

dubai-portal.com.mk

You may also like

Leave a Comment