(НЕДЕЛНА АНАЛИЗА) Либија за времето на Моамер ел Гадафи – Диктаторска или држава за пример?!

by Administrator

Иако беше претставен како бескрупулозен дикаттор Моамер ел Гадафи од Либија која беше една од најсиромашните земји, создаде нација со највисок стандард во Африка. Со започнувањето на либиската револуција, повеќето западни медиуми на Моамер ел Гадафи го претставуваа како злосторник и диктатор кој го угнетува сопствениот народ.

Денес знаеме дека сепак не било онака како што тоа го прикажувала западно европската и американската медиумска машина и дека некои од достигнувањата од владеењето на Гадафи се повеќе време се премолчувани.

Според системот кој Гадафи го разви со доаѓањето на власт образованието и здравствената заштита биел бесплатни. Пред доаѓањето на Гадафи на власт, само 25% од населението било писмено. Денес 83% од Либијците чита и пишува, а 25% имаат факултетска диплома. Доколку некој граѓанин се одлучел да се занимава со земјоделство, од државата би добил куќа со земја, земјоделска опрема, семе и говеда, како би започнал бизнис и сето тоа бесповратно. Малку е познато дека во Либија не постоеле сметки за струја, а не постоеле ниту камати на кредитите во банките кои сите биле државни.

На Гадафи најмногу му било забележувано дека ги крши човековите права во Либија, а малку е познато дека наредил се додека секој Либиец не добие куќа, нема да добие ниту неговото семејство ( семејство на Гадафи) Така починал и таткото на Гадафи, односно цело време живеел во шатор. Гадафи им излегувал во пресрет на младенците. Така секој млад брачен пар од државата добивал по 50.000 американски долари како би купил стан и формирал семејство.

Доколку Либиец би посакал да се школува во странство или пак му било неопходно лекување надвор од земјата, тој би имал парична помош од државата која би ги плаќала сите трошоци и уште би додала по 2.300 американски долари за сместување и превоз. Државата дури и партиципирала и во купување на автомобил, инаку најефтин отколку било каде во Европа, па субвенционирала дури со учество во купувањето од 50% учество. А, кога веќе ќе се купело кола, со бензинот нема проблем бидејќи горивото во Либија чинело 0,14 болари за литар, што било поевтино од водата. И лебот во Либија практично бил бесплатен со цена од 0,15 долари. Гадафи знаел дека за пустинската земја водата е најважна па заради тоа направил голем водовод низ Сахара кој ги споил Триполи, Бенгази и Сирт и така овозможил непречено снабдување, ама и пораст на градската популација.

За жал, во текот на бомбардирањата на НАТО во добар дел овој водовод е уништен. Исто така Гадафи на Либија ја оставил без било каков надворешен долг, а со девизни резерви од 150 милијарди долари, кои за воља на вистината на почетокот на револуцијата замрзнати се ширум светот. Секој Либиец кој не можел да најде вработување по завршување на школувањето добивал парична помош во висина на плата предвидена за тој вид на занимање. Додека пак за секое новородено дете жените добивале по 5.000 американски долари. Дел од парите заработени од продажбата нафта, главен извозен артикл на земјата, се слевале на сметка на граѓаните на Либија. Кога Гадафи дошол на власт, по пат на пуч, 1969 година, Либија била една од најсиромашните земји на светот. Пред да западне во проблеми со бунтовниците, Либијците спаѓале во народи со највисок стандард во сАфрика. За време на Гадафи секој Либиев имал сё!

Либиецот Мохамед Алсакит Абдулгасем, кој живее во Белград смета дека речиси сё што медиумите зборувале за Гадафи е невистина и дека работите се целосно обратно прикажани – Либијците под Гадафи живееле нормално и слободно како што се живее овде во Европа. Велат дека Гадафи за 42 година од своето владеење убил две до три илјади луѓе. Во изминатите година дена во Либија настрадаа преку 60.000 луѓе. Станува збор само за една година ! Велат дека Гадафи ги украл нашите пари. Тој живееше во шаток, а неговите роднини исто така живееа како и сите други останати. Дури и да украл милиони, знаете ли колку милијарди ние изгубивме заради војната која нё задеси и колку сега губиме?! Сега сите се прават дека не знаат и никој не ја споменува нашата нафта. Зборуваа дека Гадафи е диктатор. Во неговото време 17.000 луѓе лежа во затвор. А, тоа бе одредени криминалци. Сега во затворите лежат најмалку 27.000 луѓе. Притоа, криминалците се пуштени, а во затвори се стрпани оние чиј единствен грев бил што го подржале на Гадафи.

Проблем не беше диктатурата на Гадафи, туку тоа што големите земји и големите компании имаа економски интереси во Либија. Мохаммед признава дека во времето на Гадафи имало грешки, ама вели дека имало и критичари кои барале работите да се поправат. Во Либија не било сё идеално и постоеле критики. И јас самиот напишав еден текст за либиските весници за нешто вакво слично. Значи, постоела слобода на говорот. Оние кои биле против Гадафи  би ги поделил во три групи. Првата ја сочинуваа оние кои сакаа во Либија да се живее уште подобро и да имаме уште подобро услови за образование, работ аи живеење. Себе си, се ставам во ова група. Другата група ја сочинуваа оние кои доаѓаа од надвор, со НАТО. Третата група ја сочинуваа исламистите. Тие се најјаки бидејќи имаа големо влијание на локалното население.

Многу се плашам од радикалните исламисти и можноста Либија да стане нов Ирак – секој ден да има бомбашки напади и убиства. Иако земјата не ја посетил уште од пред војната, мохаммед вели дека контактира со роднините и дека следи што се случува таму. За тоа како е во Либија денес, вели: – Сё е во хаос. Еден ден има струја, па десет нема. Интернет нема, а телефоните работаат повремено. Сите комунални услуги застанаа и сё е во хаос.

Во времето на Гадафи резервоарот можевте да го наполнете за три евра, а сега неколку месеци има недостиг?! Проблемот во либија е во тоа што никој не може да ги контролира племињата. Сега во Либија имате милиони Гадафи кои мислат дека сё им пришаѓа и сё сакаат да соединат за себе ! Го сакам Гадафи бидејќи во негово време сите имаа сё ! Гадафи му даде надеж на Африка. Сакаше да направи една банка за цела Африка. А тука, тој го погоди на Западот и нивните интереси.

 

You may also like

Leave a Comment