Група од 30-тина родители и нивните малолетни деца од струшкото село Подгорци денеска протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга.
Повикувајќи се на Уставот и меѓународните конвенции што ги има потпишано Република Македонија, тие побараа децата да ја следат наставата на албански јазик во oсновното училиште „Гоце Делчев“ во Подгорци, а не како што одлучи Mинистерството за образование во училиштето „Мурат Лабуништа“ во соседното село Лабуништа.
Родителите сметаат дека деца на возраст од седум до единаесет години не се во можност да патуваат секојдневно од Подгорци до Лабуништа.
Тие побараа од министерот за образование Кралев да им се овозможи настава на албански јазик во Подгорци, зашто во спротивно, како што најавија на денешниот протест пред струшката општина, ќе организираат мирни собири пред седиштето на ДУИ во Тетово, пред зградата на Mинистерството за образование, како и пред канцелариите на ОБСЕ и Европската унија.
Дел од учениците од Подгорци ја испочитуваа одлуката на Mинистерството за образование и без проблеми ја посетуваат наставата во Лабуништа.











