“Г-Не Ахмети, ни ветивте, одржете го зборот; Министре, во Подогорци има гнездо од орли 30.000 години пред ова да се случи“ – oва се дел од паролите кои покрај албанските знамиња, учениците од Подгорци ги вееја протестирајќи со нивните родители пред општинската зграда во Струга. Порачаа дека нема да сопрат се додека не ги вратат децата во училишните клупи во Подгорци, иако таму учат во нелегални паралелки.

Ги повикуваме сите релевантни фактори во земјата и надвор од неа, посебно меѓународните претставници, преставниците на албанската Влада во Р. Албанија и Владата на Р. Косово да се ангажираат да се реши проблемот со наставата за нашите деца на албански јазик со цел да не им се изгубат 3-те поминати години, изјави еден од родителите, Емрие Муртезска.
Тие денеска поднесоа кривични пријави против екс министерот за образование Тодоров, актуелниот Кралев, неговиот заменикот Незири и челниците на локалната власт, бидејќи манипулирале со судбината на нивните деца.
Градоначалникот Мерко појаснуваше дека министерството одлучило да им се доделат сведителства за изминатите години, а школувањето да го продолжат во Лабуништа бидејќи нема доволен број на ученици за да работи школото во Подгорци. Оттаму, порачаа политиката да не се меша во образованието.

Апелирам и до родителите или тие што ги потпалуваат родителите, а зад нив стојат политичките партии кои не сакаат да учат децата на албански јазик во Подгорци, изјави градоначалникот на Струга, г-динот Рамиз Мерко.
Родителите најавија дека од понеделник, децата , наставата на албански јазик ќе ја следат во Подгорци, за што самите обезбедиле средства, простории и наставен кадар.










