Целиот процес на разговори за разликата околу името наликува на личен договор меѓу премиерот Зоран Заев и премиерот Алексис Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, рекол денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Како што соопштиваат од кабинетот на Иванов на средбата министерот Димитров „усно информираше за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ“.

Претседателот Иванов, пишува во соопштението, на средбата истакнал дека непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.

Претседателот Иванов уште подвлекол дека склучување на меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here