Данскиот парламент усвои закон со кој се предвидува забрана за носење бурка и никаб во јавниот простор, јави агенцијата Анадолу (АА).
За забраната за носење облека што го покриваше лицето гласале 75 пратеници, додека 30 биле против. Во Данска, од минатата година, се дискутира за воведувањето на оваа забрана која ќе стапи на сила од август.
Оние кои нема да го почитуваат овој закон ќе бидат казнети со парична казна од 135 евра. За оние кои ќе го прекршат овој закон повеќе од четири пати следниот пат ќе бидат казнети со 1.350 евра.
Министерот за правда, Сорен Папе Поулсен, објасни дека полицијата на теренот нема да бара од луѓето кои носат бурката или никаб да го откриваат лицето, но по казнувањето ќе бидат замолени да се вратат во своите домови.
Во Данска, со население од 5,7 милиони жители, околу седум проценти сочинуваат муслимани. Според Универзитетот во Копенхаген во 2010 година, во Данска, од 150 до 200 жени носат Никаб, а само три бурка.
Извор: Анадолија