Заев: Блиску сме до можното решение, но да бидеме внимателни до крај

by Administrator

Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на пратеничко прашање рече дека сме блиску до можно решение на овој процес.

– Според мене, блиску сме до можно решение на овој процес и верувам дека треба да бидеме внимателни до самиот крај. Јас се трудам да информирам комплетно се до таму до каде не би го загрозил процесот. Верувам дека тоа го прави и грчката страна. Вчера дадов дел од информациите. Се трудиме навиистина да привршиме во соодветен момент за тоа да влијае на Советот на ЕУ, на 28 и на 29 јуни, а секако и на автоматската покана за НАТО, рече премиерот.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот зошто е одбиен предлогот Република Илинденска Македонија, дали е точно дека Владата во разговорите прифатила ерга омнес за кој било предлог во иднина и дали има гаранција дека доколку прифатиме промена на името дека ќе добиеме датум за преговори.

– За да го соопштиме дома решението Република Илинденска Македонија прво јас и премиерот Ципрас заклучивме дека ова е вредно да го провериме дома. Тоа значи дека до толку сме биле усогласени да можеме да одиме дома и тоа да го провериме. За жал не помина во Грција, но за жал беше одбиен и овде од опозицијата, рече Заев пред пратениците.

На разговорите на лидерската средба, за премиерот како што рече, имало надеж, но нормално е опозицијата, претседателот на државата да бараат да го видат договорот правно – формално како е тоа запишано, да ги видат чекорите по кои ќе се спроведува самиот договор, да знаат како ОН одлучува, што со резолуциите 817 и другата, како се укинуваат при вакво решение или што се случува

– Тоа е легитимно за да може да се изјаснат. И притоа кажаа дека важен е и референдумот. И важен е. И за нас е важен референдумот. Добро е што заедно сме застанати зад ова прашање. Дека на крајот на денот граѓаните ќе одлучат. Но, беше кажано заради тоа што опозицијата јавно го одби овој предлог и не можевме повеќе во Грција  да разговараме за тој предлог, истакна премиерот.

Извор:НоваТВ/Фото:МИА

You may also like

Leave a Comment