Асад им се закани на Курдите и побара Американците да ја напуштат Сирија

by Administrator

Сирискиот претседател Башар ал Асад им се закани на курдските сили кои ги помагаат САД дека нема да се двоуми да употреби сила за враќање на територијата под нивна контрола, објави АФП. Сириските демократски сили СДФ, кои се составени од курдски милиции кои САД ги опремиле и обучија држат околу една третина од сириската територија.

– Единствениот проблем што остана во Сирија е СДФ. Имаме две опции со нив. Еден е да преговараме со нив и таа врата ја отвараме. Повеќето од нив се Сиријци, и верувам дека ја сакаат земјата, а не со нив да управуваат странци”, изјавил Асад во интервју за руските медиуми. Доколку тоа не го сакаат тоа, Асад изјавил, дека тогаш тие ќе бидат принудени на сила да ја вратат територијата.

– Ова е наша земја и наше право и должност е тоа да ја ослободиме. Американците треба да заминат и тие на овој или оној начин ќе си заминат”, рекол тој.

Тој додал дека малку недостасувало да дојде до конфликти меѓу американските и руските сили во Сирија.

“Но, за среќа, тоа го избегнувавме не со мудроста на американското раководство, туку благодарение на руското раководство”, рече тој. Режимот на Асад седум години води војна против бунтовничката опозиција и незадоволните граѓани, но со помош на Русија  стекна надмоќ.

Извор:vijesti

You may also like

Leave a Comment