Водна Заедница – Подгорци: Започна овогодинешната берба на гравот.

by Administrator

Според раководителот на Водната Заедница – Подгорци г-дин Насер Реџоски пред извесен период врз основа засаденото семе односно видот, се започна со овогодинешнава берба на созреаниот грав.

Во своето излагање, истакна дека врз основа добиените информации од граѓаните кои имаа засадено ваква култура, резултатите се повеќе од очекуваните, односно се работи за богат род на оваа култура.

Врз основа каков вид на граб засадија (Својски, ранко… или пак друг вид) бербата веќе е започната и се очекува до крајот на овој месец целосно да заврши неговото собирање.

Она што е важно е и тоа дека оваа година до нас не беше доставена никаква пријава од собирање на грав(кражба) од страна на лица  кои не се соптвеници на засадената култура.

Морам да се пофалам врз основа нашата организација и начинот на кој беше спроведено наводнувањето на земјоделските култури од страна на г-дин Кариманоски Реџеп, во кординација со Водната Заедница, оваа година немавме ама ниту било каков проблем во распоредот на наводнувањето, а се разбира и благодарение на господ, кој ни ја определи потребната количина на вода, и заради тоа немавме дури ни недостаток на истата.

За кратко време се очекува да започне и бербата на пченка и друг вид на засадена култура.

После ова се очекува на крајот да изработиме завршен аналитичен план на сите работи кои завршија воваа година предвидени со годишниот план распоред на ВЗ-Подгорци, надополни г-динот Насер Реџоски.

 

Дубаи -Портал

You may also like

Leave a Comment