(Видео+Фото) ПОДГОРЦИ: Свеченост по повод раѓањето на пратеникот Мухаммед а.с

by Administrator

Вечерва по повод раѓањето на пратеникот Мухаммед а.с во просториите на џамијата на населба Подгорци, беше одржана пригодна свеченост.

Како и секоја година, така и оваа преку проучување, извадоци од Кур`анот, илахија и касиди, решивме со нашите талебиња ( ученици кои посетуваат веронаука при џамијата на населба Подгорци) да го одбележиме еден од најзначајните датуми за муслиманите, а тоа е раѓањето на нашиот пратеник Мухаммед а.с.

Како што веќе сте запознати, оваа дата се одбележува низ целиот исламски свет, и се разбира како дел од нашата традиција еве по кој знае пат, предводена од нас имамите и џамискиот одбор на населба Подгорци, оваа дата веќе ни стана традиција која преку свеченост на скромен начин ја одбележуваме секоја година  и представува дел од сите настани преку кои одбележуваме различни настани кои се поврзани со исламот и исламската историја- ни изјавија имамите на Подгоречката џамија.

You may also like

Leave a Comment