Рамазански ифтар на хуманитарното здружение Лабуриа – Лабуништа.

by Administrator

Вечерва со пригодна свеченост во просториите на ресторанот Софра-Велешта, во организација на Хуманитарното здружение Лабуриа од Лабуништа, беше организиран рамазански ифтар.

Свеченоста беше збогатена со учеството на голем број на гости, како бизнисмени, имами, претставници на медиуми, како и граѓани кои на некој начин допринеле со свое или материјално (донација) учество во реализација на активностите на ова здружение, кое од самиот почеток своите активности ги имаше насочено, а истовремено како и повод, помагањето на белаците кои се наоѓаа во македонија и кои заминуваа од неа, а денес и во помагање на нашите сограѓани кои се наоѓаат во тешка материјална состојба.

 

Претставникот на ова здружение Авдираман Дуре Шерифоски, на самиот почеток на свеченоста, присутните преку презентација ги запозна со сите нивни активности поврзано со помагањето на бегалците кои влегуваа и заминуваа од Македонија, како и понатамошните активности околу помагањето на загрозените семејства во нашиве населби

Тој накратко се осврна на начинот на кој ги изведуваа активностите, се разбира сето тоа на доброволна активност и сето тоа помогнато со донации од наши граѓани, и бизнисмени кои на некој начин се обидуваа да ја ублажат тешкотијата и болката на сите бегалци кои решиле преку нашата територија да преминуваат кон запад.

Би сакал како и многу пати на сите оние кои помогнаа, и кои и понатаму помагаат,од мое име и во името на сите членови на ова здружени да им се заблагодарам за сё што допринесоа и помогнаа, без разлика дали тоа била материјална, финансиска или од друг вид на помош.

 

Се надевам дека и понатаму ќе бидат подржани нашите активности  од страна на сите оние кои ќе произнесат таква желба се разбира во своите можности и рамки, и да им пренесам дека ова не е заслуга само на членовите на ова здружение, туку радоста која за момент ја споделивме за момент со сите напатени луѓе  накратко да заборават на сите страдања, претставува заслуга на сите вас- надополни Авдираман.

Во текот на свечноста преку поканетите имами беа проучени илахија и касиди, како и извадоци од Кур`анот и дова.

На крајот од свеченоста беа доделени посебни благодарници за сите оние фирми кои со своите донации решиле да помагаат во активностите на Лабуриа.

А, ние почитувани, на крај преку видео Ви пренесуваме  дел од ова свеченост, и се разбира да им се заблагодариме на претставниците на ова здружение што ете решиле и нас како медиум да нё поканат да бидеме дел од ова свеченост.

 

 

You may also like

Leave a Comment