Подгорци : УЈП во контрола и “ спроведување “ на законот. Како и да е, буџетот треба да се полни.

by Administrator

Дека навистина законот треба да се спроведува треба, меѓутоа во оваа наша држава која за жал знаеме каква ние, за некои законот важи а за некои не.

Како и да е, да скратиме,  денес од Управата за Јавни Приходи после извесен период некаде околу 13.00 часот ја посети населба Подгорци, се разбира во придружуба (обезбедување) со припадници на МВР.

Она што денес од самото место можевме да го забележиме, беше посетен еден локал од нашава населба, и при самата контрола, од засега неофицијални извори со точност е потврдено дека еден од локалите (чајџилница) е казнет со паричен износ од 6.000 евра, засега не е потврдено која била причината за ваквата казна, односно кои биле неправилностите пронајдени за реализација на оваа казна.

Според очевидци, веднаш после оваа контрола од УЈП  заминале (упатиле) за Струга, а дали претходно посетиле и други локали или не, според изјавите на  мештаните на оваа населба, не биле посетени други локали, така да според милењето на граѓаните оваа контрола била направена на повик (пријава) на граѓанин на оваа населба.

Како и да е буџетот треба да се полни, а за причината за казна секогаш може да се најде и повод, па макар и да ве казнат и за тоа што вратата ви се отвара од десна , а не од лева страна.

Дубаи Портал.

You may also like

Leave a Comment