Месна Самоуправа Подгорци : Најава за протест (петок – 06.02.2015) 13 час.

by Administrator

Почитувани, Советот на М.С. Подгорци денеска на ден 04/02/2015 год. одржа заеднички состанок со претставници на соседните Месни самоуправи на населбите Лабуништа, Октиси и Боровец и воедно ги известува жителите на населбата Подгорци и останатите споменати населени места дека тој состанок имаше единствена точка на дневен ред Проблемите со напојување на електричната енергија од страна на ЕВН.

Сите сме свесни низ што све поминуваме и колку само прекини на снабдување со електрична енергија имаме во последно време и како резултат на тоа сите заеднички дојдовме до заклучок да преземеме мерки така што на ден 06/02/2015 (Петок) во 14 часот ќе излеземе на ПРОТЕСТ пред зградата на ЕВН во Струга.,.
Ние како совет на М.С. Подгорци претходно доставивме колективно барање за надосмест на настанати штети од различен карактер, но еве не добиваме никаков одговор од надлежните органи на ЕВН.
Апелираме за помасовно присуство на овој мирен протест и сите што имаат моторни возила да се приклучат на овој протест, а за оние кои не можат да се снајдат ќе имаме организиран превоз со комбиња и се тргнува во 13 часот.

Однапред ви благодариме.
Со почит, совет на М.С. Подгорци

You may also like

Leave a Comment