Лабуништа, пред, и во “ИСКУШЕНИЕ“ ! или пак кога, “ЧЕШМИТЕ СЕКНУВААТ“! (Видео)

by Administrator

Можеби самиот наслов од овој пост за некого ќе изгледа интересен, за некого мистериозен, за некого пак ќе му асоцира на нешто друго, сепак, кога ќе се прочита нејзина содржина секој нормален човек ќе заклучи дека тој повеќе одговара за опишување на некаква ТРАГЕДИЈА !

Имено, станува збор за долгогодишен проблем кој ја притиска населба Лабуништа, проблем кој секоја година наназад се повторува  и никако да се изнајде решение за негово решавање, а тоа е ВОДАТА.

Имаме, медиуми, имаме “ интернет портали, имаме невладини организации“, кои токму потекнуваат од Лабуништа, ама и сите тие обично се занимаваат со некакви си сосема други работи, од кои народот, ама ич нема аир. А зошто се случува, и зошто не го гледаат овој проблем, тоа си го знаат тие.

Проблемот со недостаток на водата на ова населба, како што велат нејзините граѓани во разговор со нас, го надминува сите граници, односно тој не е од денес и од вчера.

Едни сметаат дека надлежните кои стопанисуваат со одржување на системот за водоснабдување, не раководат онака како што треба, па и без  двоумеење прстот го вперуваат кон нив.

Можеби немаше да имаме проблем колку што го имаме денес, доколку нашето претпријатие, работеше како што треба, односно на оние во индустриската зона им дозволи ставање на цевки со поголем профил, за да се задоволат нивните потреби, а за народот како ќе му биде пишано, односно главен е нивниот интерес, и политичката вмешаност во структурите на ова претпријатие, за кое веќе месеци наназад знаете што се случуваше, односно еден дојди, други замини и никој да не ја сноси одговорноста за ваквата состојба, односно како во фудбалот се префрлуваше топката (проблемот) од еден на друг, – вака размислува еден жител на Лабуништа, кој во складира вода, пред воведување на рестрикциите кои веќе станаа секојдневие.

Доколку се разговара со било кој од раководните лица на ова претпријатие, тие ја префрлуваат вината кај народот, демек нерационално се користи, и народот не плаќа навремено. (мижи да ти баам). Како да плаќа народот, кога НЕМА ВОДА, и како може рационално да ја користи кога НЕМА ВОДА.

Размислувањата се различни и некои одат до таму што мислат и дека политиката веќе ссе вмешала во овој проблем, па размислуваат како и од видот:

Досега низ ова населба  со години наназад поминаа голем број на пратеници, министри, заменици министри, градоначалници и што уште не, и никој да праша и помогне за овој проблем, односно секогаш вредноста на Лабуништани се сведува, на крпење на дупки (асфалт) бидејќи како Лабуништа да не заслужи за нов асфалтен пат како и другите населби, отварање на спортски игралишта, реконструкција и отварање на Здравствен Дом, кој и како таков сеуште е под Здрвствениот дом на Општина Вевчани.

Ама, нејсе добро е кога се инвестира и решаваат проблемите. АМА ТОА ДА БИДЕ ПО РЕД.

Проблемот со водата се влече со ГОДИНИ НАНАЗАД !

Пред некој месец, г-динот премиер беше тука, и никој не го праша и спомна за овој проблем, односно само ја шутна топката на спортското игралиште, и му даде гол на Лабуништани.

Нашиот си градоначалник, неколку ден ови наназад веќе за ја започна (најави) својата кампања, преку рамазанските ифтари, појавување на свадбите, со предводување на оро (ороводач). А  дали на народот му е до играње тој сам си знае. Вака ни објаснува нашиот соговорник.

Имавме, и сеуште имаме  претставници во власта,  кои не мрднаа и не мрднуваат со прст, имаме претставници во Општина Струга и постојано се случува истото, и никако на ред да се постави овој проблем, на Лабуништа, и Лабуништани. Очигледно е дека ова е некакво си натпреварување на политички партии, едни од страна на “нашето“ претпријатие, а други од страна на нашата власт, кои и едните и другите во ова натпреварување го “дриблаат“ овој народ. А, дали Лабуништани, заслужуваат да бидат “дриблани“, и тоа токму од своите, од кои како по обичај секогаш примаат гол, или пак во дрес на совојот народ, а за интерес на други си поставуваат автогол. тоа останува сами да заклучат.

Ова навистина е многу несватливо за нормален човек, односно како сами на себе си наштетуваме, завидуваме, и пред се без ниту било каков страм сопствениот ИНТЕРЕС се става  пред потребите на народот, одосно секогаш се продлабочува сопствениот џеб на сметка на истиот тој народ кој ги поставува на функција.

Како и да е , и ова “наше“ претпријатие никако да излезе од ова тешка хаотична ситуација, односно нема никави оправдувања, дека се работи како што треба.

  • – Се нема план преку кој може да се претстави реконструкцијата на системот, и неговата исплатливост.
  • – Не постои ниту еден наш Лабуништанец кој го поставил ова прашање пред надлежните во власта, иако биле во неа, а некои и денес се наоѓаат.  А и нема да го постават. А зошто?  прашајте ги нив, вели нашиот Лабунштанец.
  • – И интересно е и тоа што никој ова прашање не го поставува токму кога што треба, односно кога лицата кои можат да го решат овој проблем, се тука меѓу нив. Ама, тие сепак секогаш не убедуваат за некакви поголеми браќа Албанци, Торбеши, Македонци, Турци , што направиле едните, што другите. А, сите тие навистина и многи ни направија. Само додјдете и пробајте да се напиете една освежителна “жолта“ чаша вода од водата која заостанатанала (насобрала) во  цевките додека траат рестрикциите.

Јас бате, навистина ќе му честитам на секој еден наш Лабуништанец, кој наместо со чаша сок или нешто друго , ќе ги пречека со чаша Лабунишка вода, се разбира ако успеет да ја начека кога ја има во чешмите, за да му наполниме и да почувствува каква вода пијат “нивните“ браќа Лабуништани, браќа по “интерес“. надополнува нашиот соговорник.

И се додека трае ваквата состојба, ќе трчаме со кофи, резервоари, и што уште не, за да се снабдиме со “чиста“ вода, бидејќи ако го пречекориме времето на рестрикција, тогаш ќе го чекаме другото време на завршување на рестрикциите во текот на денот, и така во недоглед , секојдневно.

Од тука почитувани, Редакцијата на Дубаи Портал, ги повикува односно согледувајќи го овој сериозен проблем, кој ја притиска населба Лабуништа, остава отворена покана, за, интервјуа, различни размислувања, како и посочувања на можноста од решавањето на овој проблем, како и на одговорност на оние  кои можеле да го решат овој проблем, и сеуште можат, а сеуште молчат и оставаат овој проблем сеуште како што вели горе наведениот наслови, да ги става во ИСКУШЕНИЕ и поигруваат со својот народ, онака како што тоа го прават во текот на изборите кога го бараат глас од овој народ како би “служеле“ за “доброто“ на својот народ.

Во прилог на овој текст ви приложуваме и две видеа од архивот на Дубаи Портал, кога тогашните пратеници од редовите на ПЕИ, ( г-дин Мевмед Џемајлоски и г-дин Рејхан Дурмиши)  при донесување на буџетот за 2014 година, токму побаруваа одобрување финансиски средства за различни инфраструктурни делови во населбите Лабуништа, Подгорци, Боровец, и Октиси, меѓу кои и системот за водоснабдување на населба Лабуништа, кој претставува тема на овој сегашен проблем на населба Лабуништа, меѓутоа за жал поради “не прифаќање“ од страна на (тогашни) претставници на министерството за финансии ваквиот предлог го одбија, како не основан (непотребен). Е сега дали ваквиот предлог е неоснован , односно нема потреба од одобрување од страна на тогашните претставници на министерството за финансии и владата на сите проекти кои беа побарувани и за овие населби, нека одлучат жителите на населба Лабуништа, кои токму во овој период се засегнати од еден сериозен проблем, за кој горе пишувавме.

Видео 1.

Видео 2.

 

Дубаи Портал.

 

 

 

 

 

 

 

You may also like

Leave a Comment