Финска бара излегување од Еврозоната, и не сака геј бракови во својата земја!

by Administrator

финциеврозона

Предлогот за одржување на референдум за излегување на Финска од о еврозоната за само неколку денови го подржале 26 илјади граѓани на ова земја.

Авторот на ова иницијатива е пратеникот од редовите на партијата “ Фински центар“, Паво Вајрумен, кој е и поранешен шеф на дипломатијата. Неговиот предлог и анкета се наоѓа на сајтот на Граѓанска иницијатива, кој е отворен со подршка на финското министерство за правда.

Вајрумен смета дека членството во еврозоната и наштетило на Финска, поготово кога станува збор за невработеноста во јавниот скетор на еконоијата.

Поранешниот министер за надворешни работи порачува дека Финска би можела да тргне по примерот на северноевропските земји кои не се откажале од националната валута, ама и понатаму успешно се интергрирани во ЕУ.

gej vencanje

“Народот на Финска би требало да одлучи дали ќе останеме во еврозоната или да им се придружиме на останатите северноевропски држави, каде покрај еврото ја користат и националната валута“, истакнал Вајрунен.

За рзгледување на предлогот во парламентот потрено е да се соберат најмалку 50 илјади потписи за половина година. Претходно на сличен начин усвоена е само една иницијатива која се однесува за -истополовите бракови.

Меѓутоа, интересно е дека минатиот викенд, предлогот за напуштање на еврозоната ја “надмина“ иницијативата за укинување на законот за истополовни бракови, кој  е усвоен во 2014 година. Ова анкета моментално има 50 илјади потписи.

 

You may also like

Leave a Comment