50
По повод завршувањето на учебна 2016/17 год, накратко поразговаравме со директорот на Основното Училиште “Гоце Делчев“-Подгорци, г-динот Фадил Исламоски, преку кој накратко сакавме да направиме анализа на изминатите активности во изминатата година.
Исламоски во кратки црти ни ги опиша активностите на ова училиште во изминатиот период, како и тешкотиите (проблеми) со кои се соочувале , се разбира како и поголемиот број на училишта, како од нашава општина така и пошироко, притоа потенцирајќи на успешноста во менаџирањето со ова образовна установа, и се разбира најважното, соработката со родителите на децата- ученици кои се образуваат во ова установа.
