Почитувани, најпрво би сакале да Ви го честитаме пристигнувањето на мубарек месец Рамазан , и во здравје и желба, радост иншала да ги испостиме овие денови и дочекаме Рамазан Бајрам.
Рамазан е месец на Аллахова милост и рахмет, месец каде треба духовно да се доближиме до нашиот Возвишен и ја побараме неговата милост и награда.

Како и секоја година, така и оваа година Подгоречката џамија со мали дотерувања ги дочека првите денови односно почетокот на овој значаен месец во исламскиот свет.
Речиси како и вообичаено во сите пет дневни намази оваа џамија е полна со свои џематлии и како да се радува дека барем еднаш годишно во текот на овој мубарек месец ќе биде полна со свои верници од сите возрасти.

Како и да е се разбира рамазанската атмосфера нуди нешто посебно, односно чувство за сите оние кои сакаат да ги почувствуваат благодетите на овој месец мубарек, се разбира исполнет со пост, намаз и правење на добри дела со кои се постигнува награда кај Возвишениот Аллах џ.ш. Се разбира ова се однесува на оние кои помалку или повеке се верници, и тие на овој или оној начин ќе ја почувствуваат таа атмосфера. Додека пак оние кои овој мубарек месец го сметаат како секој нареден (вообичаен) е тогаш оваа атмосфера и благодет нема да допре до нивните срца, и со тоа нема да се доближат до својот господар и да ја побараат заслужената награда.
Засега во нашата Подгоречка џамија се е како што треба и навистина најголемиот број верници се радуваат на овој или оној начин на овој месец, како што рековме горе, сите пет дневни намази се проследени со голем број на верници, кои барем во овие изминати два рамазански изминати денови, по завршување на Теравија или пак друг намаз, со себе понесуваат онака традиционално по едно или две имсакија кои се поставени во непосредна близина на прозорецот, а ги донирале-подариле претпријатија или пак одредени физички лица.
Се разбира и оваа година не се изостави и нашиот тапанџија, кој традиционално го најавува ифтарот и се разбира почетокот на суфур.

За оваа година џамискиот одбор врз основа поднесените молбени барања ги одбра следните тапанџии:
– Сефидан Муслиоски – секогаш најистакнат во сите изминати години.
– Џеват Муслиоски – брат на Сефидан и се разбира првата група од тапанџиите кои имаат распоред во кој дел од населбата традиционално да ги потсетуваат граѓаните на почетокот на ифтар и суфур.
И се разбира втората група:
– Изет Џелоски – о овој наш пријател и брат е еден од најтрадиционалните тапанџии во нашава населба, заедно со својот брат и колега Сефидан.
– Исмаил Џелоски – Брат на Изет. Се разбира и Исмаил е редовен тапанџија заедно со својот брат ја прават втората група.
Како и да е овие четворица наши браќа , пријатели и роднини, и оваа година се задолжени да го извршуваат традиционалното најавување на ифтар и суфур.
Ова вака изгледа во Подгорци во организација на џамискиот одбор, кој и оваа година навистина мубарем месец рамазан го дочека со припреми онака како што доликува, иншала така и да биде до крајот на овој месец Рамазан, и притоа представиници од истиот одбор ни изјавија дека исто така врз основа залагањата на нашите подгоречки имами: еф. Џеваир Сефоски и еф. Назмија Мавмудоски, во текот на овој месец ќе бидат приредени и одредени свечености, за што не сакаа да ни откријат, ама сепак ни најавија и дека и оваа година по втор пат иншала сигурно ќе се оддржи заеднички рамазански ифтар како и минатата година кој се одржа на селскиот стадион на нашиот рид. А како изгледа во соседните села, нивната организација околу почетокот и спроведувањето на намазите по повод на месец рамазан, и дали и кај нив сеуште постојат традиционални тапанџии, не знаеме, ама иншала се надеваме дека и кај нив е така исто како кај нас.
Притоа, во оваа пригода на сите наши роднини и пријатели кои се наоѓаат надвор нашиот роден крај и нив да им го честитаме мубарек месец Рамазан и да им посакаме убаво да си ги поминат рамазанските денови во оние места каде што се наоѓаат, и иншала наскоро да се врата во својот роден крај, и барем за малку заднички да ја исполниме оваа наша Подгоречка џамија, која за жал без нив не е онаква каква што треба, односно не е целосна без нивното присуство. На сите оние кои ќе пристигнат им посакуваме пријатен престој, а на останатите иншала заеднички да го дочекаме барем за еден ден два накратко напиот празник Бајрам. (Амин)
Дубаи Портал.
