Подгорчани, и не би биле подгорчани, доколку секоја година на себе си својствен начин не му посакаат добредојде на еден од нашите најсветли празници Курба Бајрам.

И токму денес на ден Арифе, кога нашите хаџии предстојуваат на Арефат и го очекуваат утрешниот ден, почеток на Курбан Бајрам, така и кај нас група на наши сограѓани со изработката на познатата традиционална алва, решија да го прослават одов ден Арифе, и се разбира да му ги отворат вратите на предстојниот и светол празник на муслиманите Курбан Бајрам.
На овој начин сакаме да укажеме на почитувањето на нашите празници, кои ни доаѓаат во пресрет, се разбира денес е Арифе, а утре ни доаѓа Курбан Бајрам, од тука на сите припадници на исламската вероиспивест би сакале да им посакаме се најдобро во иднина, багосостојба, мир, убавина и се што миже да му се посака на еден брат, сосед, роднина и пријател. Исто така да ги поздравиме и нашите пријатели, браќа, и роднини кои се надвор од нашиве населби да им го честитаме Курбан Бајрам и да им посакаме се најдобро, и иншала и тие следниот празника, да ни бидат тука покрај нас, – ни изјавија Подгорчаните кои со радост и мерак ја подготвуваа овогодинешва традиционална алва.
А, ние почитувани во продолжениe на ова информација, Ви пренесуваме дел од регистрираните фотографии и видео.

