Фото “еколошка разгледница“ од населба Лабуништа. А наскоро и од другите населби за еден Фото Албум

by Administrator

На само неколку метра од влезот  кон населба Лабуништа, ќе се соочите со навистина со една од најнепосакуваните слики кои еден нормален човек може да ги замисли, а уште повеќе да знае и во ниту еден случај да не се обиде истите да ги одстрани.

Штом од главниот регионален пат Струга-Дебар се приклучите кон населба Лабуништа, добредојде покрај распаднатите и пречкртани патокази ќе ви посака и  патот кој божем и не наликува на пат. А зошто е така? Повелет посетете ја оваа населба односно овој дел и веднаш ќе ви стане јасно.

Се разбира санацијата на патот најмногу треба да ги интересира општинските власти, заради тоа што Лабуништа не е обична населба, како некои си други, ама таквите други населби  за среќа тие си имаат свои политички представници, бидејќи кај нас ваквите работи се решаваат само преку политика  и избори (лаги)  и таквите  секогаш си  влечат како онаа со мотиката кон себе.

За жал во овие наши населби, ама ниту за ич никого не ги интересира за сопствената населба, односно само за својот интерес (џеб, вработување идр..) и заради ваквите наши постапки секогаш ќе им завидуваме на другите, и секогаш ќе ни биде крив некој друг.

Еве, вакви се нашите сограѓани и жители, односно Лабуништаните, Подгорчаните, Боровчаните и Октишаните, вака тие гледаат на секојдневните работи кои не опкружуваат. А каде е грешката ?

Се разбира, одговорноста е кај нас, барем за она што можеме ние да го решиме, го гледаме, а не сакаме да го одстраниме.

За жал нашите пријатели, роднини и други Лабуништани кои секојдневно минуваат покрај овој пат, како ич да не гледаат што се случува на влезот на оваа населба.

Расфрлано ѓубре на сите страни, едноставно да ти е страм да замислиш да имаш такво нешто,а камо ли да го гледаш и да се правиш наудрен како да не постои.

До каде ли оди нашата култура.? По се изгледа до никаде. Депонија во делот од патот кон населба Боровец, ( таа до некаде се санира), депонија на самиот влез кон населба Подгорци ( и таа до некаде се санира) , слична ситуација и во населба Октиси. Меѓутоа за оваа мини депонија кон населба Лабуништа никој по се изгледа според известувањата на граѓани од оваа населба не мрднал со прст.

“А, бе бате. имаме Комунално (ЈКП -Хигиена), имаме Месна Самоуправа, и уште повеќе имаме представник (претседател) на советот на Општина Струга. Аам  после ова што ни се случува, како ништо да немаме“, ни изјави жител на населба Лабуништа.

Никој не мрднува со прст да се реши проблемот. Како и да е, дали некој носи ѓубре од надвор , или пак ние самите Лабуништани си го оставаме нашето ѓубре , сепак оваа глетка треба да се одстрани. Зарем да мислат дека Лабуништаните се вакви луѓе. Јас мислам дека 95% не се такви. А, за 100% односно останатите 5% му ги давам на оние кои треба да се заинтересираат, и земаат плата за комуналните дејности и животната средина“ – надополни нашиот соговорник“

Како и да е, се додека никој не мрдне со прст, и не не боцне во очите за да се освестиме и прогледаме што се случува и што има околу нас, ваквите мини депонии ќе прераснат во вистински депонии за одлагање на ѓубре, и наемсто да бидеме препознати по нешто убаво, ќе дојде време другите да пишуваат демек не не интересира ваквиот отпад и дека ние можеме да живееме покрај таквата средина.

Како и да е,  срам да име е на сите кои ова го гледаат, а особено оние кои за тоа земаат плата, за да се грижат за населба Лабуништа (Месна Самоуправа, ЈКП Хигиена, Општински власти), а до кога ќе им биде и трае ваквиот страм останува да се види.

Дотогаш повелете колку за едно потсетување на нашите најбилски да започнеме да си правиме селфи покрај ваквите преубави места и гордееме на она што го правиме и што не опкружува. А не само да се смееме и лајкуваме со фотографии од други места со други настани со ваква содржина, заради тоа што такви фотографии веќе си имаме во нашите населби.

Дубаи Портал.

You may also like

Leave a Comment