(Фото) Џиновски тикви и во Подгорци

by Administrator

Како што привршува  бербата на овогодинешниов бериќет ( пченка, компир, тиква. грав и друг вид на земјоделска култура) така не прекинуваат и изненадувањата кои Господ ни ги приредува и дарува како награда за вложениот труд.

Оваа година имавме многу добра берба на пченка, грав, и компир., ова е задничкото размислување и констатација на  Подгорчани.

Веќе неколку денови, на социјалните мрежи имавме можност да забележиме фотографии на наши соселани кои ја прикажуваа колчичината на бербата на пченка и грав, меѓутоа она што оваа година посебно може да се издвои е појавата на големи ( џиновски) тикви, не карактеристични за нашиве поднебја во изминативе неколку години наназад.

Кога веќе завршувавме со прибирање (кршење) на пченката, забекежав од една страна покрај грмушките покриена тиква која беше обвиткана со нејзините лисја, кога се обидов да ја извадам се изненадив кога забележав дека станува збор за огромна тиква која досега не израснала во нашава нива од кога сум започнал со одгледување на земјоделски култури.

Меѓутоа за да биде изненадувањето уште поголемо во непосредна близина на истата забележав уште една поголема од претходната, – ни раскажа Насер Реџоски, еден од највредните земјоделци во Подгорци.

Една од тиквите кои со радост ни ги прикажа и побара да се фотографираат имаше висина некаде од 65 см и некаде тежина од блиску 20 килограми, другата беше нешто помала од преходната некаде 40 см и имаше некаде приближно 15 кг.

Иако ни е срамежлив сепак на крајот Насер ни изјави дека кога ќе дојде време да подготви една од тиквите кои покрај бериќетот од пченка што го собрал ова година, рече дека ќе не покани на печена тиква, бидејќи ова е природна онака како што Господ ни ја дал, а не како оние тикви кои се огромни а претставуваат производ на семињата кои некои фабрики и лабаратории ги подготвуваат особено оние од ГМО- заврши на крајот г-динот Насер .

На крај на Насер му се заблагодаривме на поканата и посакавме уште поголем бериќет во наредната година.

dubai-portal.com.mk

 

You may also like

Leave a Comment