Почитувани, сметајќи на последните настани кои се случуваат околу постоењето на преубавата река Радика, и нејзината опасност од уништување во заедничка поддршка со одредени портали (интернет сајтови) организирани од интернет сајтот http://saveriverradika.com, која ја започна оваа активност како поддршка на постоењето на оваа река , и особено револтот на граѓаните на ваквата не човечка одлука, односно уништување на се што е добро и природно.
Заради тоа почитувани читатели и членови на Дубаи Портал, ве молиме да оставите при посетата на овој текст и ваше видување односно коментар на поддршка, на оваа активност.
Доколку не сте информирани за овој настан Ве молиме да ги посетете нашите долу наведени линкови, за да дознаете што се случува и што може да ни се случи и нас во иднина.
Уште еднаш ве молиме да оставите Ваш коментар како начин на подршка на оваа акција, со која ќе докажеме дека воопшто не смее да се уништува она што ни го дал господ, и дека против таквите секогаш да им се стави крај.
Очекуваме Ваша поддршка !
