DUBAI PORTAL: Добредојде и нека ни е Честит месец РАМАЗАН !!

by Administrator

Најпрво да му се заблагодариме на Возвишениот Аллах џ.ш што и ова година ни овозможи да го дочекаме овој светол месец, месец на награда, опростување и добри дела.

Од утре веќе муслиманите од целиот свет ќе имаат можност во овој светол месец Рамазан преку постот и добрите дела (ибадет) како и одбегнување на лошите, да ја заслужат наградата од Возвишениот Аллах џ.ш, и неговиот опрост.

Во ова пригода редакцијата на Дубаи Портал, на сите припадници од исламска вероисповест  им го честита и посакува добредојде на месец Рамазан. Посакувајќи многу здравје, сабур и разум.

Овој месец да биде поминат онака како што му доликува на секој еден муслиман и верник. Притоа на оние наши, роднини, браќа и пријатели, кои не се со нас тука (печалбари) да им посакаме Возвишениот  Аллах џ.ш , во овие денови да им го олесни постот , така и тежината од отсуството од  своите семејства и најблиски.  И иншала на сите оние кои во овој месец преку постот  ќе тргнат по патот на вистиските ислмаски вредности, Возвишениот Аллах џ.ш, да им го олесни тој пат, награди со заслужената награда и воведе во Џеннет!

А, на другите муслимани, кои во овој светол месец се изложени на неправеди, тешкотии, маки и прогонства. Аллах џ.ш да им даде истрајност во нивната борба за опстојување, а на оние кои се прогонувани да им олесни и покаже вистинскиот пат, и иншала врати во своите домови, а ние да не заборавиме на нив, во овој месец кога на некого му е потребна нашата  помош, и се разбира молиме за нив и сите оние кои денес се изложени на тешкоти од неправедноста на човекот.

Dubai Portal.

You may also like

Leave a Comment