Џамија Подгорци: Свеченост по повод Битката на Бедр.

by Administrator

По повод 16 ден од месец рамазан односно Битката на Бедр, во џамијата во Подгорци, беше оддржана свеченост по повод овој ден ,како и доделување на пофалници за успешно завршена хатма дова, на ученици кои посетуваа верска настава во оваа џамија.

Оваа веќе е традиционална свченост која трае вече 12 години, започнувајќи од 2001 година, потенцираше имамот Џеваир Сефоски, притоа надевајќи се дека и понатаму ќе продолжат со продолжување на оваа традиција, напомена тој, на почетокот на оваа свеченост.

На оваа свеченост покрај имамите на оваа населба,свое учество зазедоа и представници од муфтивството струга.

Во текот на свечесноста беа проучени илахија,ајети, како и проверка на знаењето на учениците кои посетувале верска настава, односно беше проверено нивното знаење од областа на исламот.

На крајот на свеченоста мутевелијата г-дин Реџоски Фатмир  заедно со имамот Назме Мавмудоски ,а учениците кои посетуваа верска настава им поделија пофалници, и им се заблогодарија на трудот и иншала и понатаму да продолжат со проширувањето на своето знаење од исламот.

 

You may also like

Leave a Comment