Азербејџан: Претседателот Иванов се состана со турскиот премиер Јилдирим

by Administrator

БАКУ (АА) – Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска оствари средба со премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во главниот азербејџански град Баку, јавува Anadolu Agency (AA).

Средбата меѓу претседателот Иванов и премиерот Јилдирим се одржа во Баку, каде што тие се дел од шестиот Глобален форум на Баку.

Турскиот премиер Јилдирим денес се сретна и со претседателот на Албанија Илир Мета, како и со членот на претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ, кои исто така престојуваат во Азербејџан на Глобалниот форум.

You may also like

Leave a Comment