Жителите на струшките села Лабуништа, Боровец, Подгорци, Октиси, и неколку други села каде живеат повеќе од 15000 жители бараат од ЕВН конечно да го реши проблемот со нормалното снабдување со електрична енергија на овој дел од струшко.
Жителите велат дека веќе неколку дена се соочуваат со нередовно снабдување со струја. На пример струја немаше вчера од 20 часот навечер до рано утрово, а велат дека дополнителен проблем претставува и постојаниот прекин на струјата, исклучувањето и вклучувањето во секунда, што може да доведе до расипување на електирчните апарати.
Жителите на овие села за А1 велат дека најверојатно причина е дотарената мрежна инсталација и трафостаници. Собираат потписи со петиција која ќе биде доставена до ЕВН Македонија и до надлежните институции. Дополнителен проблем за овие населени места е и нередовното чистење на снегот, па животот во текот на зимскиот период е отежнат












Ова беше навистина добра вест на А1он. Ама не вест, туку и вистина.
Секоја година се оди по старо, де има, де нема струја.
За оние од Шумадија и очекувано беше дека струјата ќе им свети како што велат тие како кандило, ама и тие не претпоставуваа дека дури речиси 2 и пол дена дека ке немаат струја.
Со таа разлика што оваа година нашето село беше поделено, така да до горно ориште имаше струја, а нагоре ни за ич.
Ги прашуваме од ЕВН за што станува збор, вели наставникот Џемаил, велат од големо оптеретување на мрежата, а згора на тоа ме лажат и дека екипите се на терен и решаваат на проблемот.
Госпоѓо тоа е само лага, тие си седат и гледаат фудбал, а ние ууууууууууу…..
Да луѓево се во право, како прво ако мрежата е оптеретена за што се знае за овој период од годинава нека си набавеа коњ за да се растерети товарот, а не да превезуваат со магаре оставено уште од пра, пра дедо им.
(Овде се мисли на тоа што тие постојано наплаќаат, не инвестираат во реконструкција на мрежата, и очекуваат се да биде како подмачкано)
Е, па господа ЕВН или како уште да ве наречеме, вака постојано ќе ќкрипи, а до кога се знае додека пукне запчаникот е тогаш вие ќе одите во ууууууууу!!!.
Како и дае, за да работи ЕВН како што треба, значи жителите на овие села (Подгорци, Лабуништа, Октиси, Боровец) треба да престанат со редовна наплата, односно се разбира да си ги плаќаат сметките, ама со заостанување, онака како што тие заостануваат со нивните услуги.