Според известувањето испратено до нашава редакција, на одреден број на жители на населба Подгорци им било скратено правото на глас, односно ги немало во избирачкиот список, иако пред неколку денови наназад своето постоење го потврдиле со проверка на веб сајтот на Државната Изборна Комисија, додека пак одреден број на жители случајно или не биле поставени во делот на гласачи од страна на дијаспората.
Исто така се потврдува дека синоќа, исто така имало и нарушување на изборниот молк со јавување по пат на телефон, во обид да се изврши убедување за гласање на политичка партија.
Засега не ние потврдено дали за ваквите забелешки и недостатоци е известена ДИК односно дали членови на изборните комисии на политичките партии ги известиле за ваквите нерегуларности на избирачките места во Подгорци.










