Вака оваа година изгледа нашата и вашата подгоречка планина, месец ноември, а таа веќе во бело руво. Овие фотографии благодарение на Мирсад Исакоски  еден од нашите најголеми љубители на природата, и сё околу неа, не можеа да нё остават равнодушни и истите да не ги позајмиме од неговиот фејсбук профил, и накратко пренесеме она што неговиот објектив успеал да го забележи и одблиску пренесе снежната убавина на нашата преубава планина.

Едноставно нема потреба од повеќе зборови, фотографиите сами ќе го кажат тоа, а нас едноставно ни останува да воздивнеме пред оваа убавина што природата ни ја дала.

Уживајте !

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here