Своето видување за моментална политичка и економска криза во државава, како и решението за излез од истата, пред присутните жители на населба Подгорци, синоќа како гостин и член на извршниот одбор на СДСМ го изнесе г-динот Едмонд Адеми.

Тој во кратки црти присутините жители ги запозна со напорите кои СДСМ  и коалицијата ги прават со цел да се изнајде решение за излегување од моменталната криза во која се наоѓа државата, притоа потенцирајќи дека за излез од ваквата состојба потребно е заеднички да се учествува во заедничката борба за конечно ослободување, како на политичкиот, економскиот така и општествениот живот во Македонија.

Народот е тој кој треба да го каже конечниот збор, и да одлучи кој понатаму треба да ја води оваа држава. Се надеваме дека на 11 декември народот ке ја донесе вистинската одлука, и после десет годишната тортура и ограбувањата кои ги прави  овој режим, конечно нашата држава ке го изнајде патот кон Евро интергациите и НАТО, притоа посочувајќи на одредени наши соседни држва кои во изминатиот 10 годишен период иако Македонија предначела пред нив,  излегоа далеку пред нас,  а, ние останавме да тапкаме во место, и закочуваат сите надворешни инеграции на нашава држава.

За моменталната состојба и секојдневниот живот со кој денес се наоѓа и со која е соочен нашиот граѓанин, повеќе не може и што да се објаснува и кажува, бидејќи веќе ние е позната, односно самите граѓани денес го чувствуваат она што овој режим го направил за себе и своите најблиски, а заборавил граѓаните кои им дале доверба и од кои денес повторно барааат доверба.

Се разбира ваквата состојба  идеална  е само во провладините медиуми, кои како и секогаш прикажуваат едно, а народот се соочува со друго.

Се промовираат разно-разни инвестиции и инвеститори,а како се чувствуваат вработените во нивните фабрики и колку заработуваат, од повеќе е јасно. Се субвенционираат инвеститорите кои влегуваат, а оние домашините остануваат сами да се борат за опстанок, или пак доколку не размислуваат како нив, вообичаено се соочуваат под закани и притисоци. А оние странските штом си ја завршат работата, односно прекине субвенционирањето, си заминуваат, а нашето стопанство останува опустошено.

Сведоци сте на постојани штрајкови од различни организации, се разбира оние нашите домашните, и кои можете да ги видете само на оние медиуми кои решиле и покрај притисокот на власта да објават дека сепак сликата не ни е идеална како што некои ја прикажуваат.

Во продолжение од своето излагање, Адеми се задржа и на тоа дека СДСМ има Програма за излез од ваквата состојба, и наскоро граѓаните ќе имаат можност да ја разгледаат и анализираат.

Се надевам дека овој пат и ние поучени од претходните грешки, нема да дозволиме државата да ни тргне по погрешна насока, меѓутоа за да недојде до сето тоа, очекуваме дека народот ке биде тој кој ке пресуди на 11 декември, односно тој ке биде вистинскиот судија кој ќе пресуди и донесе конечната одлука.

 

Покрај, г-динот Адеми, како гостин, на оваа заедничка средба, свое видување за локалните проблеми изнесе и Јован Митрески (поранешен пратеник на СДСМ во Македонскиот парламент) кој пред присутните граѓани укажа на тоа дека се запознати со потребата од изградба и реализација на одредени инфраструктурни објекти во населба Подгорци, и тоа наскоро ќе може да забалежи и во нашата програма во делот на реализирање на инфраструктурни објекти во Општина Струга во делот за  населба Подгорци. “Јас Ви гарантирам дека еден од првите проекти за кои има потреба оваа населба, и која беше ставена како приоритет  ( изградба на пречистителна станица) ќе биде реализиран веднаш по нашето стапување на власт, а вие сте сведоци на тоа дека вакво барање за одобрување на финансиски средства за реализација беше поднесено во македонскиот парламент, меѓутоа оваа влада не го одобри, односно сметаше дека проекти склуптура од Скопје 2014 познат како “Мачка“ повреден е од Подгорци и Подгорчани.

Се разбира запознати сме и со другите како потреби како (амбулантата, трет филтер,доизградба на подгоречката брана, како патната инфраструктура) Од разговорите со жителите на населба Подгорци известени сме и потврдено ни е дека  оваа власт предводена од ВМРО ДПМЕН и ДУИ не направиле ништо за оваа населба, односно зад себе при секоја посета на оваа населба оставале само празни ветувања, што вообичаено знае да го прави како и секогаш – надополни Митрески.

Од нашата Месна Организација на СДСМ – Подгорци, ги добиваме сите потребни информации, проблеми и потреби со кои се соочувааат Подгорчани, веќе извесен период постојано нё гледате тука, а веќе се знаеме и со голем број на Подгорчани. Многу ние мило што секогаш сме добредојдени и заеднички  да поразговараме за проблемите кои ве тиштат.

Секогаш ќе бидеме кога ќе има потреба да бидеме, се разбира кога ќе бидеме повикани, ние знаеме како да возвратиме кога народот ќе ни ја даде довербата и кога нё почитува. Сакаме да помогнеме и заради тоа неслучајно денес постои една од нашите Месни Организации токму во Вашава населба  и  за која слободно можеме да се пофалиме дека ни е најактивна и најорганизациона во претставувањето на Вашава населба, притоа во најголем дел осврнувајќи се на проблемите кои ги пренесуваат кај нас. Отворени сме за соработка и нашите врати секогаш ќе бидат отворени, како за Подгорчани, така и за жителите од околните населби – изјави пред присутните Даме Ложанкоски претседател на Општинската Организација на СДСМ – Струга.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here