Синоќа,  21.06.2016 ( 16.Рамазан.1437) година, во просториите на џамија Подгорци, после Теравија намаз  по повод завршување на Хатма од страна ученици (талебиња) кои посетува верска настава, односно изучување на Кур`ан и писмо, под раководство на имамите Еф. Џеваир Сефоски и Еф. Назме Мавмудоски, беше одржана мини  свеченост на која покрај роднините и пријателите на телебињата кои успешно  завршија Хатма , некои по прв пат, втор и трет пат, учествуваа и претставници на Исламската заедница ( Муфтиство -Струга), на која исто така беа доделени пофалници и награди за успехот кои овие талебиња го постигнала при посетување на ова верската настава.

Притоа на крај од страна на имамот Џеваир еф. Сефоски уште еднаш беше напоменето дека ова представува традиција  на овој џамиски меџлис  која се организира по 16-пат уште од 2001 година.

Во рамките на на наставата на крајот од завршување на истата пред проучување на хатмата, се организа и прошетка-посета на исламските културно историските споменици , како и образовни институција, ни надополни Еф. Назме Мавмудоски.

А ние почитувани, во продолжение Ви прикажуваме дел од вчерашната свеченост по повод овој настан.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here