ДУБАИ: Повеќе од 11 милиони долари собрани на хуманитарна акција за децата бегалци

by Administrator

Повеќе од 11 милиони долари собрани се во Дубаи на хуманитарна аукција за децата бегалци, на која покрај останатото е понудена и покривка стара повеќе од 100 години од Кабето во Мека.

Парче на саткан од злато и сребро од приватната колекција на владетелот на Дубаи, шеикот Мухаммед бин Рашид ал Мактум продадено е за 572.000 долари.

Покрај тоа на аукцијата , меѓу останатото биле понудени пет единствени регистерски таблици за автомобили кои се продадени за вкупно седум милиони долари.

Целта на хуманитарната акција во Дубаи, која е организирана во текот на најважниот и најсвет месец во исламската вера Рамазан е донација од 7.3 милиони книги и оснивање на 2.000 школски библиотеки во арапските земји и бегалските кампови.

 

You may also like

Leave a Comment