Како и секоја година, така и оваа, со мала разлика во периодот на почнување на земјоделските работи, Подгорчани привршуваат со вториот дел од земјоделските работи кои се однесуваат на така нареченото и познато меѓу нашиот народ прашење на пченката, други пак истовремено превртуваат сено, истото се остава да се суши некој период и потоа истото се балира и складира како храна за добитокот кој еден земјоделец го поседува.
Ова е прв кос на сено, за извесен период ќе има и втор, а вообичаено првиот кос во зависнот од времето дава најмногу бали на сено – ни изјави еден од земјоделците кој моментално го превртуваше сеното како би се исушило и станало погодно за балирање.
Последниве неколку години наназад со помош на механизацијата (балирка) која ја поседуваат нашите трактористи, повеќето наши сограѓани сеното го балираат, бидејќи така се искористува поголем простор за складирањето, а и при транспортот е многу поедноставно. Се разбира има и некои кои сеуште истото го носат на магаре или пак не го балираат, туку така се товари на трактор- ни надополни тој.
Она што можеше да се забележи е тоа што работите се изведуваат забрзано, пред почетокот на големиот мубарек месец Рамазан, односно сите овие работи во голема мера да завршат, и со тоа деновите во месец рамазан да поминат во пост, од кој ќе биде задоволен нашиот Возвишен Аллах, а и нас да ни биде подобро и полесно, бидејќи летните денови се долги, а температурите како што гледате се покачуваат и тешко ќе се изведуваат вакви работи во текот на овој благословен месец – ни изјави наш сограѓанин Подгорчанец, кој заедно со своите најблиски привршување околу прашењето на пченката.
Како што е и редот, сега некаде на почетокот на месец јули или средината, се очекува започнување на третиот дел од земјоделските работи, а тоа е наводнувањето.
Од одговорните лица на населба Подгорци, кои како и секоја година се грижат околу организирањето на водоснабдувањето, тргнувајќи од изборот на вододелител, и најглавното потребните количини на вода за снабдување на населбата и наводнувањето, изјавуваат дека според моменталната ситуација сметаа дека нема да има проблем доколкиу се задржи ваквата состојба на температури проследени со периоди на дожд.
За тоа колкави количини (површини) на засадени култури ова година се засадени, од надлежните ни изјавија дека дополнително ќе добиеме информација, кога ќе започне периодот на наводнување.
И на крај четвртиот дел од земјоделските работи е прибирање на плодовите ( пченка, грав, компир и др..) кои Подгоречкото поле оваа година се одлучило да им го даде на Подгорачани за трудот кој го вложиле во овогодинешнава земјоделска сезона.
А, ние почитувани, во продолжение од ловаа информација, Ви претставуваме дел од фотографиите кои успеавме да ги забележиме од активностите на Подгорчани во подгоречкото поле, како некои други детали со кое нашево поле знае да се пофали.




Dubai-Portal.com.mk










