Новиот израелски министер за одбрана и лидер на ултранационалистичката партија на Израел наш дом (Israel bejtenu) Avigdor Liberman, , откако синоќа положил заклетва во Кнесетот ијзавил, дека го подржува решението на судирите со Палестинците со постоење, формирање на две држави – Израел и Палестина.

FOTO: Liberman, Natenijahu (AP)
Liberman живее во населба на окупираниот Западен брег и еден е од најконтраверзните израелски политичари. Тој е познат по лошите и непријателски изјави кон Палестинците и израелското арапско малцинство, чиј трансфер на Западниот брег своевремено и тој самиот го предлагал.
Меѓутоа, во соопштение за новинарите откако парламентот го одобри неговото поставување, Liberman изјавил дека го подржува решението на “ две држави за два народи“.
Тој на чело на Министерството за одбрана го заменил поранешниот командант на израелската армија Моше Јалон кој поднел оставка минатата недела во текот на преговорите за проширување на владејачката коалиција со влегубвањето на партијата на Liberman во неа.
Благодарение на овој потег, владејачката коалиција сега има 66 пратеници во парламентот, од вкупно 120 членови, а претфодно од изборите минатата година, имала мнозинство од само од еден пратеник.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху смета дека стабилна влада ќе може полесно да одговори на предизвиците со кои земјата е соочена ама сепак познавателите на приликите предупредуваат дека влегувањето на ултранационалистите и нивната партија би можела да создаде затегнатост на односите со меѓународната заедница и израелската војска.
Сега во израелската влада доминираат верските партиии и пратеници кои се противат кон формирање на палестинска држава.
Бидејќи Liberman положил заклетва, Нетанјаху изјавил дека иницијативата на арапските земји од 2002 година, во која се ветува мир и нормализација на односите со Израел во замена за оснивање на палестинска држава “ вклучува позитивни елементи кои можат да допринесат за оживување на конструктивните преговори со Палестинците “.
Исто така Нетанјаху изјавил дека Израел “ има желба и посакува да преговара со арапските држави со ревизија на ова иницијатива како би ги одразила драматичните промени во регионот“ откако е представена, пренесе агенцијата АП. Тој изјавил дека тоа би ја вклучувало и “ целта на две држави за два народи“.
Од друга страна и Liberman изјавил дека се сложува со Нетанјаху дека има и дека постојат “многу позитивни елементи во иницијативата кои би можеле да послужат за сериозен дијалог со сите соседи во регионот“.
( Beta)