Имајќи ја во предвид потребата од претставување на политичката платформа пред граѓаните на населба Подгорци, синоќа во просториите на кафетеријата Дерби во Подгорци, претставници на ова движење ги запознаа присутните граѓани на оваа населба со моменталната политичка ситуација во Македонија, како и потребата од организирање за излез од ваквата моментална ситуација.
На средбата покрај претставниците на Движењето Беса – огранок Лабуништа, присуствуваше и членот на претседателството на ова движење г-динот Скендер Реџепи Зејд, негови колеги, претставници на месната самоуправа Подгорци, како и граѓани на оваа населба кои за првпат се сретнаа со претставници на ова движење и во краток разговор можеа накратко да се запознаат со како што беше претходно напоменето платформата на ова движење, како и нивното гледање за излез од политичката ситуација, пред сё ставајќи акцент и на состојбата на нашиве населби, притоа анализирајќи го изминатиот период години наназад и она што претходните политички гарнитури го ветиле а не исполниле токму во овие населби кои играат значајна улога на одредени резултати на избори, без оглед дали станува збор за парламентарни и локални избори.
Нашата цел е поинаква и поразлична од онаа како кај остантите партии, и таа се потпира на реалноста која ние ја согледуваме и можеме да ја реализираме,а не нашата платформа и програма да ја темелиме на виртуелни ветувања (лаги) кои обично секоја една партија во изминативе години наназад ги ветила и не исполнила, всушност тоа најдобро односно подобро од мене го знаат самите жители на овие населби. Од тука сакам да потенцирам дека нашите врати се отворени за сите оние кои се обесправени или оние кои сметаат дека местотот не им е во некоја друга политичка партија, – надополни г-нот Реџепи.
Во текот на средбата свое излагање имаше и г-динот Авмед Беќироски, кој во кратки црти надополни некои видувања околу работата на ова движење и потреба која се наметнала да истата биде претставена во нашиве простори, бидејќи таа како таква воопшто се разликува од другите, оние кои воопшто немаа допирни точки со реланоста и намерата да им се помогне на радот без претходно истиот да биде злоупотребен за сопствени политички цели и интереси, се разбира притоа имајќи ја пред сё и разочараноста од останатите политички партии кои постојат и се појавуваат на нашиов простор.
А, ние почитувани посетители на Дубаи Портал, ви пренесуваме и предлагаме два аудио записи од оваа средба.
Излагање на г-дин Скендер Реџепи-Зејд (аудио запис)
Излагање на г-дин Авмед Беќироски








