НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Евреите против ционизмот – за дејствувањето на еврејските терористички ќелии против Државата Израел

by Administrator
евреи антиционисти
За прв пат откако е формирана Државата Израел тајната служба Shin Bet употребила “посебни методи“ за истражување над Евреите. Екстремната десница тврди дека тоа се дел од методите за мачење. По прв пат органите на државата застанале на патот на таквата есктермна десница. Верското ултранационалистичко подземје сака да ја тргне Државата Израел, да го сопре ционизмот и создаде месијанско еврејско кралство. Начинот како би се уништила израелската држава  спрема доктирината на ова група е масовното убивање на Арапите. Со тоа сакаат да го испровоцираат арапскиор свет и меѓународната заедница против Израел, да се намали моќ-та на израелската власт и создаде хаос кој би водел до востание. Во текот на тоа востание, ова групација би ја презела власта и наместо демократијата би вовела владеење на Тора или Петоњижја.
Нивната прва идеја после државниот удар е поставување на крал кој повторно би го оснивал Јудејското кралство кое би се организирало исклучиво според еврејските верски закони. Во првиот стадиум, сите Арапи и другите не-Евреи би биле предупредени веднаш да го напуштат кралството. В о другиот стадиум, сите кои ќе одбијат да заминат, вклучувајќи ги жените и децата, веднаш би биле убиени. Според таа идеја, не постои место за не-Евреите на еврејското свето тло. Еврејскиот верски екстремизам, освен што е едноставен и јасен, воедно има толку сличности не само со ИСИЛ тку и со нацистичка Германија.

Shin Bet и полицијата внимателно спровеле широка истрага и на крај го откриле она што сега се нарекува група за пресврт. Станува збор за младина помеѓу 15 и 24 години која се нарекува Гивоним ( оние кои се на врвот на брдото). Тие одговорни се за шокантното убиство на семејството Давабша на Западниот брег во летото минатата година, во текот на кое три членови на семејството беа запалени. Поединци исто така имаат историја на напади и организирани убиства низ Израел и окупираните територии. Ова еврејска екстремистичка терористичкан организација се состои од помали ќелии во кои делуваат три до пет членови. Тие дејствуваат тајно и независно една од друга, и немаат податоци за дејствувањето на другите ќелии. Shin Bet настојувал да инфилтрира свои агенти во тие ќелии, на основа искуствата на инфилтрирање во исламските милитантни организации, ама не успеале.

Членовите на групата делат екстремна месијанска идеологија. Семејно се поврзани, растеле заедно и заедно станале радикални. Остатокот на светот го гледаат со сомневање и многу добро се снаоѓаат во државните испитувања на полицијата, и обидите да бидат следени. Мнозинството живеат во илегални населби на подрачјата каде владее Палестинската самоуправа, знаат да преживеат во природата, и како да пронајдат засолниште во пештерите и напуштените згради.

Овој случај предизвика многу раљсправи во Израел, исто така и во политичките препукувања. Екстремната десница повикува на разликување на арапскиот терор и Евреите кои прават злосторства, исто така смета дека со мачењето како метода не смее да се користи против граѓаните на сопствената држава. Ама мнозинствиото на политичките партии во Израел ја подржуваата одлуката да се ипотреби мачење против секој осомничен, а тоа само по себе ја покажува висината на “демократијата“ во “една демократија на Блискиот исток“, како што Израел често сака да се нарекува. Па дури и министерот за образование Нафтали Беннет и повеќето негови колеги од HaBayit HaYehudi партијата рекол дека теророт едноставни е терор.

Идеолошката доктрина на групата напишана е во бројни документи кои Shin Bet ги запленил. Според нив, Државата Израел се нарекува  кралство на злото, кое нема право на свое постоење. Групата смета дека има должност да ја уништи државата и создаде еврејско кралство. Во документите  детално се даваат и инструкции како да се запалат и уништат џамиите и црквите, и како вината да се насочи на израелската власт.

Ама, и помалку насилните ултраортодоксни Евреи се борат против ционизмот и израелската држава. Според нив Државата Израел делумно е спротивна и во потполност противречна на правото на втемелување на народот Израел. Единствено време кога Израелците имале дозвола за поседување на државност била онаа пред две илјади години, кога таа држава настанала на темелите на Божјата провидност. Секој кој повикува на спасување на Израел покажува дека го негира вистинскиот темел на израелскиот народ и го заменува со световната материјалистичка природа на тој народ, што значи дека потрагата за спасување е материјалистичка, а не духовна.

Според тоа уверување, Тора забранува завршеток на егзил и создавање на држава и војска сё додека Бог не одреди поинаку. Забрана е и државните работи да се водат според правилата на Тора, туку мора да се води според законите на анцијата. Ултраортодоксните Евреи сметаа дека делата на ционистите во целост се спротивни на верата и Тора. Тора е представена директно од небото, и награда го оечкува на секого кој ќе ги почитува законите на Тора, ама и казна за сите кои нема да ги следат тие закони. Секој кој нема да ја почитува Тора престанува да биде дел од конгрегацијата на Израел.

Ортодоксните Евреи предупредуваат дека мора да се согледаат две илјади години егзил и да се обиде да се пронајдат стотина најтепките години. Според нивното мислење, никогаш немало толку страдање, крвопролевање и катастрофа за Народот на Израел како што е периодот на ционизмот. Тие сметаат дека најмногу страдање во овој век произведено е од страна на ционистите, притоа укажувајќи на пророчанствата на своите рабини кои тоа го претскажале. Во ционистичките идеи се планира оснивање на држава за која овие Евреи сметаат дека е антисемитска и која ја намалува сигурноста на Евреите ширум светот. Ова екстремна идеја зборува за тоа дека ционистите дури ќе го налутат и германскиот народ и предизвикаат нацистичките закани, како и тоа дека ционистите го излажале сопствениот народ и предале на нацистичките затвори. Ционистите ја продолжуваат таквата пракса  и денес, бидејќи според кажувањата на овие групи го потикнуваат анрисемитизмот, а себе си потоа се прикажуваат како спасители.

Антицион истичките Евреи често укажуваат и на постојаната пропаганда на преселување на Израел. Тие укажуваат дека мнозинството на светското еврејство живее во сигурни и добри околности, како и дека немаат намера ниту желба да живеат во ционистичката држава. Исто така потсетуваат дека многу Евреи го напуштиле Израели живеат под подобри околности во други држави. Ционистите прават голема пропаганда за да ги привлечат луѓето да имигрираат во нивната држава, па од тука еврејските антиционисти се прашуваат зошто е потребно толку многу пропаганда ако ционистичата држава е толку убаво место за живеење. Според нив, ционистичките пари се безвредни и ционистичката држава би пропаднала доколку немаат економска помош од еврејските заедници во другите делови на светот.

Се разбира, постојат и ородоксни Евреи кои живеат во самиот Израел, иако се противат на неговоро постоење. Тие законски се издвоени од служење на воен рок, иако во последно време се водела политичка борба околу промена на тоа законско правило. Тие се нарекуваат Евреи Хареди, и во целост ја отфрлаат модерната секуларна култура. Себе си се сметаат за најавтентична еврејска групација. Ова гранка на еврејството настанала како одговор на големите промени кои ги погодиле Евреите во модерното доба, меѓу нив еманципацијата,просветителството, движењето Хаскалах, акултурацијата, религиските реформи на различни облици, жидовскиот национализам. Наспроти модерното ортодоксно еврејство, кое ја прифатило модерноста, Харедините  останале верни на еврејскиот еврејски закон и согрегирале од модерното општество. Постојат некои групации на Евреи Хареди кои се поврзуваат со надворешниот свет на основа својата професија или трговија, ама ништо повеќе од тоа.

Харедините, освен што се спротивставуваат на постиоењето на државата во која исто така живеат, тие не го слават Денот на независноста и другите државни празници, сметајќи ги како идолотарија. Дел од Харедините сепак направиле умерен и прагматичен чекор спрема државата Израел, а партијата Соединета Тора влегла во неколку израелски коалициски влади, настојувајчи да влијае на државата и општеството и насочи спрема верската политика. Критиките на нивната сметка стануваат се поголеми мешу другите Евреи, па дури и помеѓу ортодоксните еврејски заедници. Тие сметаат дека нивниот животен стил е неускладен со еврејската традиција, етиката, и вредностите. Сё повеќе државни пари се насочуваат кон посебни образовни системи, издвојување за војската, посебни фондови за образование, посебна грижа за ултраортодоксните заедници кои во Израел се релативно сиромашни од другите заедници. Во Израел денес живеат 750 илјади Харедини, ама таа бројка брзо расте, и станува збор за релативно млада популација.

Акцијата на Shin Bet која траела две години, покажува дека ова заедница е потенцијално опасна. Откриени се помеѓу 30 и 40 соучесници во терористилки напади, ама разузнувачката агенција смета дека постојат стотици млади активисти со идеолошка доктрина во ќелиите помеѓу Јудеја и Самарија. Освен нив, постојат и стотина, а можеби и илјадници ортодоксни Евреи на ова подрачје кои ја подржуваат сё општата идеја за измена на Државата Израел со Јудејско кралство. Тие овозможуваат логистичка подршка на членовите на активните ќелии.

Извори: Times of Israel, Haaretz, Walla, Jews Against Zionism

You may also like

Leave a Comment