По повод Јубилејните десет (10)години од постоењето на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ) на Македонската политичка сцена, во саботата 26.12.2015 год. во просториите на Хот.Дрим се оддржа свеченост по повод овој настан.
На свеченоста забележително беше присустввото на голем број представници од политичкиот и општествениот живот, лидери на партии, представници на дипломатскиот кор, како и симпатизери и членови на ова партија.
Во текот на оваа свеченост со свои излагања се претставија дел од раководни лица на ова партија како и лидерот на опозицискиот блок, односно претседател на СДСМ , г-динот Заоран Заев, како и претседателот на ПЕИ- г-дино Фијат Цаноски.
Во текот на своето излагање г-динот Заев се осврна на моменталната политичка состојба во нашава држава, како и потребата од целосно обединување за уривање на овој тоталитарен режим кој Македонија ја донесе до дното од досегашното нејзино постоење, и повика на одговорност на власта за сите незаконски дејствија кои моментално ги реализираат сите нејзини органи и структури, притоа потенцирајќи дека единствено народот е тој кој овој хаос на власта може да го спречи и каже збогум на ваквиот злосторнички режим. Истовремено уште еднаш повикувајќи на единство на сите политички субјекти во заедничка борба за нов почеток на Македонија и нов почеток на секој граѓани, без разлика на верската, национална или било каква друга припадност.
Во продолжение на свеченоста свое излагање имаше и претседателот на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ) г-динот Фијат Цаноски, кој на самиот почеток пред да се осврне на историските моменти од формирањето на ова партија, потенцираше дека и покрај сите проблеми со кои се соочува секоја една партија, така и ПЕИ и покрај сите внатрешни турбуленции, и обиди за спречување на нејзиното нормално работење, па дури и обид за згаснување на оваа парија од политичката сцена, рече: ние успеавме да го пребродиме сето ова, и еве како што гледате, ПЕИ како и секогаш била и ќе биде на политилчката сцена и како и секогаш ќе остава простор за соработка и со другите политички субјекти кои во оваа партија денес гледаат сериозен партнер во решавањето на политичките проблеми во држава, а тоа што денес како доверба ние е дадена зборува и присуството на голем број на наши пријатели, политички партнери, општествени дејци, и симпатизери и членови, кое денес заедно со нас ги прославуваат Јубилејните 10 години од нашето постоење – истакна г-динот Цаноски.
А, ние почитувани посетители на Дубаи Портал, низ видео материјал Ви ја пренесуваме свеченоста по повод овој настан како и излагањата од учесниците на оваа свеченост.
Dubai-portal.com.mk









