Лидерот на бугарската партија на етничките Турци заради подршката на турското уривање на рускиот авион исфрлен од партијата.

by Administrator

Лидерот на бугарската влијателна партија на етнички Турци (МРФ) , Лутви Местан, сменет е од должноста откако јавно ја изразил својата подршка  за турското уривање на рускиот воен авион СУ-24.

Тој својот став го изнел пред бугарскиот парламент истакнувајќи дека руските сили во повеќе наврати го прекршувале турскиот воздушен простор. Таквиот став го чинело (коштало) функција. Портпаролката на МРФ вчера објавила дека е оддржан соатанок на раководството и дека Места со едногласна одлука исфрлен е од партијата. Раководството на партијата  се сретнале во вила и со оснивачот на партијата, Ахмет Доган.

Ахмет Доган, влијателен политичар во Бугарија, изјавил дека “истата судбина ќе го снајде секого кој на било каков начин ќе застане против бугарските национални интереси“.

Бугарија, и покрај фактот што е членка на ЕУ и НАТО , очигледно не сака да се замери со Москва со која сеуште има релативно блиски односи.

.

You may also like

Leave a Comment