Најпрво, можеби ова за многумина во Македонија ке изгледа смешно, а смешно не ё, не сакавма да останаме глуви и равнодушни на се што во последните месеци и години од настојувањата на одредени “невладини“ огранизации кои се обидуват во нашиот случај планината Јабланица да ја прогласат за Национален Парк.
Кулминација за една наша ваква реакција е излагањето на претставниците на Македонското Еколошко Друштво (МЕД), кое на 28.09.2015 година, на своето излагање во Подгорци, пред присутните, а сега и веќе преку видео материјалот на Дубаи Портал, во јавноста изнесоа неколку непотврдени информации.
Г-дине Иванов ,најпрво би сакале да Ве израдуваме дека нема потреба да се мачите од долгогодишна борба (односно да Ви ја скратиме маката) , каде во еден дел од Вашата изјава велите дека ќе се борите се додека Јабланица не стане Национален Парк, бидејќи сте биле загрижен за моменталната состојба на ова подрачје, и од тука Ви потврдуваме дека нема потреба да се загрижувате за состојбата или пак да ја прувеличувате, бидејќи ниту Вие, ниту ваше претставници на МЕД, ниту пак било која друга “невладина“ организација, не ја сака Јабланица повеќе од Подгорчаните, кои тесно се поврзани со ова планина.
Подгорчани ниту наштетувале ниту и наштетуват на Јабланица, по ниту која било основа, односно ресурс. Не ни е јасно од каде ваква Ваша констатација дека Погоречкото Езеро е во лошо состојба, а едно Вевчанско езеро (бара) било во многу добро состојба.
Можеби постојат одредени мали неправилности “не еколошки“, кои биле преземени, ама сепак сето тоа е направено за доброто на Подгорчани, и нуту во било кој момент не е доведено во прашње опстанокот на било каков растителен или животински свет на планината Јабланица.
Покрај тоа нё изненадува и мислењето на проф.др. Цветанка Поповска, за разликата од нејзината последна посета на ова езеро некаде во 80-те, па со ова од пред неколку денови, притоа опишувајќи ја состојбата “хаотична“ , мислејќи (потенцирајќи) на изградбата на преградата (брана) иако можеби колку за потсетување истата (преградата) е направена во рамките на техничката документација која како носител ја има потпишано и г-ѓа Поповска.

Уште еднаш би сакале да потсетиме дека планината Јабланица, не е од онаков вид на планини како некои во Македонија кои еднаш во годината се посетуваат, без разлика дали тие претставуваат Национални паркови или не. Подгорци е планинско место, и ова планина во ниту било кој случај нема да дозволиме да биде ставена под контрола на некакви Јавни институции управувани и раководени од некакви си директори и раководители кои би го контролирале односно одборувале движењето на луѓето во ова планина, и да им се ускратува нивната можност од посета, притоа да се бара и дозвола за за посетување и на приватен имот, кој би влегол во рамките на тој “национален парк“.
Доколку Вие како невладина организација сте загрижени за еколошката свест, или заштитата на било каков природен ресурс или нешто слично, прво тргнете пред се од онаму каде што има потреба, а не да се прескокнуваат одредени работи.
Колку за мала илустрација како пример, покрај големиот број на депонии во Општина Струга, посебно онаа која Ви е на “ 10 метра“ од самиот центар , и која во секој момент претставува потенцијален предизвикувач на заразни болести и нарушување на природата како и самата животната средина, како и опасност за развој на туризмот на Струга, Вие и одредени здруженија кои се “грижат“ за екологијата, сте одлучиле да “сочувате“ нешто за што се нема потреба , или пак интересирате за само за одреден подрачја, па правејќи како што вели онаа народната : “имаме 100 дупки отворени, а Вие директно ја затварате 99“.
Повеќе не би сакале да навлегуваме со оваа наша реакција по повод Вашето излагање, бидејќи има многу да се пишува, и од тука како претставници на населба Подгорци, и самите Подгорчани, наскоро со пошироки и потврдени информации преку Видео емисија, ќе настапиме пред нашата јавност – жителите на населба Подгорци, со презентирање на тоа што опфаќа законот за формирање на Национален парк , и на сите граѓани на поедноставен начин да им се објасни што се губи а што се добива со ваквата ваша иницијатива.

Покрај тоа на крај ги повикуваме и другите месни самоуправи кои планината Јабланица ја чувствуваат како своја и истата им значи нешто , МС Лабуништа и Боровец, и тие да се вклучат во оваа активност која во последните месеци наназад се презема од страна Македонското Еколошко Друштво (МЕД).
Притоа на крај да ги повикуваме и сите други невладини организации од населбите Подгорц и Лабуништа да не наседнуваат на одредени организации без претходно да не се разгледа резултатот од таквата активност, односно бенефитот кој би го добиле граѓаните кои се опфатени со ваква или слична активност.
На крај не би сакале да бидеме сватени погрешно за одредени констатации, или некакви обвинувања туку да укажеме на одредени информации според кои на свесен или несвесен начин му се наштетува на овој предел кој за нас, и останатите љубители ова планина ни значи нешто.
И од тука ви претставуваме дел од законот кој предвидува формирање на Национален Парк, и што носи тој како таков.
III 2.1. УПРАВУВАЊЕ СО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ
Јавна установа – Национален парк
Член 136
(1) Заради вршење на работите на управување и заштита на националниот парк, Владата на Република Македонија основа јавна установа – Национален парк.
(2) Со актот за основање на јавната установа особено се уредува:
1) начинот на вршење на дејноста од јавен интерес, меѓусебните права и обврски на Владата на Република Македонија и јавната установа – Национален парк;
2) правата кои ги има јавната установа;
3) условите под кои се обезбедува континуитет во вршењето на дејноста од јавен интерес;
4) условите за квалитетно вршење на дејноста од јавен интерес;
5) условите за извршување на сите предвидени обврски без оглед на можното настанување и влијание на кои било непредвидливи околности и состојби;
6) видот на корисниците и подрачјето на кое се врши дејноста;
7) условите под кои основачот може еднострано да ги измени условите по основањето поради остварување и заштита на јавниот интерес и
8) другите посебни услови и обврски кои јавната установа е должна да ги исполнува заради вршењето на дејноста од јавен интерес.
Управување со јавна установа – Национален парк
Член 137
(1) Управувањето со јавната установа Национален парк се врши врз принципите на стручност и компетентност, во согласност со закон.
(2) Органи на јавната установа Национален парк се: управен одбор, работоводен орган, стручен колегијален орган и одбор за контрола на материјалнофинансиско работење.
Управен одбор на јавна установа – Национален парк
Член 138
(1) Орган на управување на јавната установа Национален парк е управниот одбор, кој го сочинуваат пет членa, двајца претставници од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областаназаштитатанаприродата,претставникнаопштинитена чие подрачје се наоѓа националниот парк и двајца претставници на стручниот орган.
(2)Членовитенауправниотодборгиименуваиразрешува Владатана Република Македонија.
(3) Составот, начинот на избор на членовите на управниот одбор, неговата надлежност и начинот на одлучување се уредуваат со статутот на јавната установа Национален парк.
(4) Функцијата член на управниот одбор на јавната установа Националенпаркилиработоводенорганенеспоивасовршењена друга јавна функција.
(5) Членовите на управниот одбор за својата работа примаат надомест на дневни и патни трошоци за учество во работата на управниот одбор.
Надлежности на управниот одбор
Член 139
(1) Управниот одбор на национален парк ги врши следниве работи:
1) донесува статут на јавната установа – Национален парк;
2) донесува план за управување со националниот парк, како и други акти на установата и го следи нивното извршување;
3) од редот на своите членови избира претседател;
4) предлага на Владата на Република Македонија разрешување на работоводниот орган;
5) јаутврдувависинатананадоместоцитепропишанисочленот 141а на овој закон
6) го утврдува финансискиот план и донесува завршна сметка и
7) врши и други работи утврдени со закон, актот за основање и со статутот на јавната установа Национален парк.
(2) На статутот на јавната установа Национален парк од ставoт (1) точка 1 и на висината на надоместоците од ставот (1) точка 5 на овој член, согласност дава Владата на Република Македонија.
Директор на јавна установа – Национален парк
Член 140
(1) Со јавната установа Национален парк раководи работоводен орган – директор.
(2) Директорот на јавната установа Национален парк од ставoт (1) на овој член го организира и раководи процесот на трудот и го води работењетонајавнатаустановаНационаленпарк,донесуваодлуки, ја претставува и застапува јавната установа Национален парк спрема трети лица и е одговорен за законитоста на работата на националниот парк.
Постапка за именување на директор
Член 141
(1) Со јавната установа национален парк раководи директор кој го именува и го разрешува Владата на Република Македонија.
(2) Јавниот оглас за вработување се објавува во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
(3) За својата работа и за работата на јавната установа национален парк, директорот одговара пред Владата на Република Македонија.
(4) Мандатот на директорот трае четири години.
(5) За директор може да биде именувано лицe коe ги исполнува следниве услови, и тоа:
1) е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност или должност.
3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) има минимум пет години работно искуство;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
6) има положено психолошки тест и тест за интегритет и
7) поднесе подготвена програма за раководење со установата.
Член 141а
Финансирање на јавната установа Национален парк
Јавната установа Национален парк се финансира од:
1) надоместок за влез и посета на национален парк;
2) надоместок за паркирање во национален парк;
3) надоместок за посета на посебни објекти во национален парк;
4) надоместок за собирање на диви видови растенија габи и животни и нивни делови и одржливо користење на природните ресурси (управување со шумските живеалишта и екосистеми во национални паркови и слично);
5) надоместок за престој во национален парк;
6)средства стекнати за вршење на активности со гласно со членовите 105 и 106 од овој закон;
7)надоместок за вршење на дејност или активност во национален парк;
8) надоместок за пловидба во национален парк;
9) надоместок за употреба на лого на национален парк на производи и услуги за комерцијална употреба;
10) надоместок од екосистемски услуги;
11) Буџетот на Република Македонија;
12)буџети на единиците на локалната самоуправа начие подрачје се наоѓа заштитеното подрачје
13)други извори(донации,грантови,кредити,обновливикредити, подароци, легати и друго).
Одбор за контрола на материјалнофинансиското работење на јавната установа – Национален парк
Член 142
(1) Заради вршење на контролата на материјалнофинансиското работење на јавната установа – Национален парк се формира Одбор за контрола на материјалнофинансискотo работење составен од претседател и три членa.
(2)Претседателот и членовите на Oдборот од ставoт(1) на овој член, ги именува и разрешува Владата на Република Македонија.
(3) За претседател и членови на Oдборот од ставoт (1) на овој член, може да се именуваат лица кои не се во работен однос во јавната установа – Национален парк и кои имаат високо образование и поседуваат знаења и искуство од областа на финансиското и сметководственото работење.
(4)Претседателот и членовите на Oдборот од ставoт(1) на овој член, за својата работа примаат надомест на дневни и патни трошоци за учество во работата на Oдборот.
Стручен колегијален орган на јавната установа Национален парк
Член 143
(1) Јавната установа Национален парк има стручен колегијален орган (во натамошниот текст: стручен орган).
(2) Составот, начинот на организирањето и надлежноста на стручниот орган се утврдуваат со статутот на јавната установа Национален парк.
(3) Стручниот орган ги врши следниве работи:
1) одговорен е за стручната работа на јавната установа Национален парк;
2) одлучува за стручните прашања во рамките на овластувањата утврдени со закон, статутот и другите акти на јавната установа Национален парк;
3) утврдува стручни основи за програмата за работа и нејзиниот развој;
4) му дава мислење и предлози на работоводниот орган во поглед на организацијата на работата и условите за работа и развој на дејноста;
5) предлага претставници во органот на управување на јавната установа Национален парк според принципите на стручност и компетентност;
6) организира и обезбедува спроведување на програми за обука на чуварската служба за справување со пожари и други природни катастрофи и
7) врши други работи утврдени соз акони статутот најавната установа Национален парк.
Член 143а
(1) Вработените во јавна установа национален парк имаат статус на административни службеници и помошнотехнички персонал.
(2) Административните службеници од ставот (1) на овој член се вработените во стручната служба кои вршат работи од административна природа и истите правата и обврските од работен однос ги остваруваат согласно со Законот за административните службеници.
(3) Помошнотехничкиот персонал од ставот (1) на овој член се вработените кои вршат работи на обезбедување,одржување,вршење на превоз, работа во кујна или хотелскоугостителски објекти, како и други помошни и технички работи и истите правата и обврските од работен однос ги остваруваат согласно со Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.
Притоа на крај, да ги повикаме претставниците на ова здржение на една заедничка средба со претставниците на МС Подгорци, со што на наједноставен начин би ги разгледале “проблемите“ доколку ги има, и укажеме и пренесеме мислењето на овдешните жители дека тие планината Јабланица ја сакаат ваква каква што е, а не според мислењето на на некои други.
Реакција-Демант на:
Совет на Месна Самоуправа Подгорци/Дубаи Портал.











